Научниците потврдуваат дека женскиот мозок е по прилагоден на извршувањето на повеќе задачи во исто време, односно дека дамите се подобри во таканаречен мултитаскинг. Од друга страна пак мажите се подобри кога треба да се концентрираат на една , покомплексна задача без разлика дали се работи за поправање на домашен апарат или за готвење.
Научниците за времето на истражувањето ги испитуваа мозоците на 949 млади мажи и жени, па користејќи магнетна резонанса, ја одредија поврзаноста на различни делови на мозокот.
Резултатите покажаа дека жените имаат многу подобра поврзаност на левата и десната страна на мозокот, додека кај мажите е поизразена активноста во одредени делови, посебно малиот мозок кој ги контролира моторните способности.
Мажите исто така имаат подобра поврзаност на предниот и задниот дел на мозокот, а тоа им овозможува побрзо да ги перципираат информациите и да ги употребат кога извршуваат покомплексни задачи. Тоа значи, дека всушност тие се подобри на пример кога учат да пливаат и паркираат.
„Истражувањето покажа дека жените подобро ги извршуваат задачите во кои е вклучено логичкото и интуитивното размислување“.Рече лидерот на истражувањето д-р Верма и додала „Меѓутоа, ако добиете задача која мора да се изврши веднаш тогаш мажите ќе ја одработат подобро“.