Болките во нозете и попуштениоте вени кои ви даваат чувство на непријатна болка и тежина во нозете, а особено и непријатен изглед кој е проблем за секоја дама ќе биде минато со овој народен рецепт.
Потребни состојки:
- 15 г прополис
- 10 г кантарион (само цвет)
- 50 г линцура
- 50 г рузмарин свеж
- 15 цвета зелен планински чај
- 50 г мајкина душица
- 1 ½ ракија (50-55 степени)
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во стаклено поголемо шише. Шишето убаво се затвора, па се завиткува во црна кеса. Шишето се чува 40 дена во фрижидер, или закопано во земја.
По изминати 40 дена, се прецедува, и се пие трипати на ден по половина ракиена чашка.