Како модерен жител на оваа планета, ти секојдневно се соочуваш со инвазија од токсини кои те напаѓаат преку воздухот што го дишеш, водата што ја пиеш и храната што ја консумираш.
Погоди каде завршува брдото од токсини?
Во твојот црн дроб!
Кој воопшто обрнува внимание на црниот дроб? Се додека не се појави конкретен проблем, реално никој од нас не помислува на клучната функција што ја има овој орган.
Но, откако во светот на здравата храна се појавија артичоките, луѓето станаа свесни колку е едноставно да му се даде поддршка на органот кој ни го чисти телото од отрови.
Артичоката е најдоброто растение за детоксикација достапно на планетава, а може да си го дозволи секој. Артичоките имаат низа импресивни улоги за здравјето, но уште поимпресивна е нивната моќ да го обноват оштетениот црн дроб, да ја подобрат неговата функција и да го заштитат.
Како точно делува?
Артичоката го стимулира протокот на жолчката
Тековните научни податоци сугерираат дека артичоките поттикнуваат лачење на жолчката од црниот дроб, процес овозможен од хемиското соединение наречено цинарин.
Жолчката се синтетизира од црниот дроб и е еден од каналите преку кои отпадните материи го напуштаат црниот дроб и се излачуваат преку цревата. Се покажа дека цинаринот ја подобрува функцијата на црниот дроб и директно влијае на неговата секреторна улога.
Студиите велат дека артичоките не само што го стимулираат излачувањето на жолчката, туку и ја поттикнува синтезата на жолчката од црниот дроб.
Стимулирајќи ја синтезата на жолчката и нејзината секреција, артичоката помага во ослободување на токсините од телото додека тие минуваат низ црниот дроб.
Артичоката го намалува холестеролот и масните депоа во црниот дроб
Студиите покажуваат дека екстрактот од артичока има значаен ефект на вкупното ниво на холестерол во телото.
Во 2007-та, студијата во која биле вклучени над 700 учесници покажа дека артичоката во облик на суплемент која била консумирана на дневна база во период помеѓу 5 и 13 недели, води до намалување на ЛДЛ или лошиот холестерол.
Друга студија објавена во 2000-та во која биле вклучени 143 учесници го испитувала ефектот на екстрактот од артичока на високите нивоа на липопротеини. Студијата открила дека секојдневното консумирање суплемент во период од 6 недели довело до намалување на вкупниот холестерол за 18.5 % и до намалување на нивото на лошиот холестерол за 22.9 %. Од друга страна, артичоката има моќ да го поткрене нивото на добриот холестерол – ХДЛ или липопротеини со висока густина.
Ефектот на артичоките на нивоата на холестерол се должи на 2 механизми:
Прво, екстрактот од артичока содржи компонента наречена лутеолин – екстремно моќен антиоксидант кој ја спречува синтезата на холестеролот.
Второ, екстрактот од артичоките го зголемуваат метаболизмот на холестеролот охрабрувајќи ја неговата елиминација. Целокупниот ефект гласи: намалено ниво на холестерол во телото.
Артичоката поттикнува регенерација на црниот дроб
Како што споменавме и погоре, артичоката е еден од најдобрите природни лекови за заштита на црниот дроб. Многу студии се сложуваат дека екстрактот од артичока активно го штити црниот дроб од оштетување до степен да стимулира раст на нови клетки во самиот орган – физиолошки процес наречен хепатална хиперплазија, или едноставно, регенерација на црниот дроб.
Црниот дроб е навистина уникатен орган кој се возобновува кога трпи штети како резултат на болест или други штетни агенти како алкохол или прекумерно пиење лекови. Сепак, постои лимит до каде може да оди таа регенерација. Штом лимитот се прекорачи, штетите буквално ја загрозуваат функцијата на црниот дроб.
Откажувањето на црниот дроб, студиите го препишуваат на оксидативниот стрес и воспаление. Овие процеси се успешно инхибирани од цинаринот – природно присутната состојка во артичоките.
Други студии велат дека друга состојка, силимарин, е делумно одговорна за регенеративниот потенцијал врз клетките на црниот дроб, благодарение на неговите антиоксидативни ефекти.
Ваквиот регенеративен потенцијал на артичоките бил испитуван уште во 1966-тата, но врз глувци на кои им бил изваден дел од црниот дроб. Резултатите од студијата покажале јасни знаци на регенерација во однос на големината на ткивото и количината на клетки. Истражувањето исто така забележало зголемена циркулација на крв во црниот дроб и стимулација на клеточната делба.
Артичоката го третира замастениот црн дроб
Полезното дејство на артичоката врз замастениот црн дроб е интензивно проучувана последниве години. На пример, студијата во која биле вклучени 90 учесници, имаше за цел да испита колку артичоката е ефективна за менаџирање на замастениот црн дроб.
Оваа дијагноза е најчеста кога станува збор за болести на црниот дроб и иако не е познат точниот причинител за нејзиното појавување, сепак постои потеницјал успешно да се третира.
Студиите велат дека 600 мг екстракт од артичока во денот, во период од 2 месеци, може да ја подобри функцијата на црниот дроб кај луѓето кои имаат замастен црн дроб.
Студијата која имала за цел да ја истражи терапевтската релација помеѓу црниот дроб и патологија на билијарен тракт кај тинејџери со прекумерна тежина, откри дека артичока суплементот консумиран на дневна база во период од 2 месеци, истовремено го намалила воспалението и масните депозити во црниот дроб – два клучни фактори кои водат до замастување на органот.
Пружете му поддршка на вашиот црн дроб, помогнете му да излезе на крај со лавината од токсини кои неизбежно ве напаѓаат со Nature Essential – Артичока. Само така ќе ви служи долго. Само така ќе останете здрави.
Започни уште денес! Погрижи се за сопственото здравје! Нарачај Nature Essential – Артичока!
Продажни места на Nature Essential – Артичока:
EUROFARM Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, dm-дрогерии, COSMO-дрогерии и сите подобро снабдени аптеки.
Направете брза онлајн нарачка:
https://alfalab.mk/proizvodi/articoka
Телефон за нарачка : (02) 3218-821
(Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)
Достава до вашата домашна адреса