Најздравата храна на светот … Топ 10 – Супер храна за Супер здравје

Здравата храна едно од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашето тело.

Едноставно е: Видовите храна кои ги одбирате секој ден, го одредуваат начинот на кој се чувствувате тој ден. Доколку јадете многу брза храна, немојте да бидете изненадени ако имате ниска енергија или пак се разболувате полесно.

Доколку јадете разновидна, свежа, органска храна, ќе забележите дека се чувствувате по енергични дури и по оптимистички настроени отколку кога јадете лошо.

Кога го храните телото со многу различни видови на свежа храна, му ги давате на вашето тело сите потребни минерали и витамини кои му се потребни за да функционира. Ова е клучот за тоа да се чувствувате добро на дневна база, но и на подолг рок.

Топ 10 моќни видови на храна:

Додека јадењето на здрава храна за многумина е незамисливо, има одредени видови на храна кои се преполни со витамини и минерали кои му недостасуваат на просечниот човек.

Вклучете ги следниве видови на храна во вашата исхрана:

  1. Спирулина

Спирулината со својот состав и широк спектар од хранливи состојки ги воодушевува нутриционистите ширум светот.

Мајката природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човечкиот организам.

Спирулината е богат извор на хранливи состојки со концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човечкиот организам. Го зајакнува имунитетот, го храни, прочистува, обновува, подмладува и штити од болести. Спирулината е 100% природна, не содржи конзерванси,  лесно е сварлива, погодна е за употреба за сите возрасти и претставува извонредна замена за вештачки произведените минерали и витамини.

Спирулина San Sebastian е алга со повеќе од  100 хранливи вредности и е прогласена за СуперХрана. Спирулина содржи 60% протеини, 13% есенцијални минерали како калциум, магнезиум, натриум, калиум, фосфор, цинк и железо, како и цела група витамини и антиоксиданти.

Спирулината има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Во својата структура ги содржи сите есенцијални амино киселини во идеален сооднос. Единствено спирулината и мајчиното млеко содржи доволно количини на линоленска киселина, важен учесник во регулирање на хормонскиот систем на организмот. Таа има природни антифламаторни својства и делува превентивно против разни воспалителни процеси.

Spirulina San Sebastian може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ

Повелете со нарачка на 02 3218 821

  1. Зелјеста брокула (Бокула Рабе)

Овој зелјест зеленчук е одличен пример за храна која може да има големо влијание врз целокупното ваше здравје. Содржи голема количина на потасиум, железо и калциум, диететски влакна како и витамините Е, Ц и К.

Овој вид на брокули исто така содржи лутеин, кој е антиоксиданс кој ја штити ретината на вашите очи од штета од слободни радикали. Овој вид на брокули е еден од нај витамински набиените зеленчуци на планетата. Здравствените придобивки се големи и се следниве:

  • Го забавува стареењето
  • Ги зајакнува коските
  • Го намалува ризикот од хипертензија
  • Го намалува воспалението
  • Штити од рак
  • Штити од алцхајмерова болест
  • Штити од мозочен удар
  • Штити против дефекти од раѓање
  1. Авокадо

Овие вкусни овошки типични за Јужна Америка и Мексико се преполни со здрави масти кои се неопходни за живот.

Луѓето во последно време имаат намалено количество на овие здрави масти во телото, заради погрешното учење дека мастите се лоши. Јадењето свежо авокадо му дава на телото доза од овие здрави масти.

  1. Сирово млеко

Најпрво може да си помислите како пијалок се пронајде на листата на видови на храна, но млекото, особено млечниот кефир, му обезбедува на телото витамин А, Д, Ц и В. Исто така има многу калциум, магнезиум, фосфор и основните масни киселини.

  1. Трева од пченица

Тревата од пченица е нешто кое морате да го вклучите во вашата исхрана. Ова е млада трева од обичната пченица. Преполна е со следниве витамини.

  • Железо
  • Калциум
  • Магнезум
  • Амино киселини
  • Витамин А
  • Витамин Ц
  • Витамин Е

Она што додава на вредност е дека изобилува со хлорофил.

  1. Лосос

Веројатно веќе сте слушнале за омега 3 мастите. Она што е јасно е дека тие се неопходни за вашата исхрана, бидејќи тие масти телото не ги произведува па тие мора да се земат преку исхраната.

Друг важен податок е дека најчесто денешната исхрана е побогата со лошите омега 6 масни киселини. Затоа е многу важно да се конзумира дивиот лосос.

  1. Ленено семе

Ленот е семе од цвеќе кое расте на источниот Медитеран. Често се среќава и во облик на масло (ладно цедено), како оброк или како семе. Во последно време, лененото семе се здоби со популарност заради тоа што го намалува холестеролот, но тоа не е се што прави.

Здравствените придобивки од ленот ги гледаме преку омега 3 мастите кои помагаат во справување со дијабетесот, ракот, срцевите болести и воспалението. Исхрана висока во омега 3 се бори против депресија и промовира поздрава мозочна функција. Ленот ги има следниве витамини и минерали:

  • Витамин Б6
  • Бакар
  • Фосфор
  • Фолати
  • Магнезиум
  • Диететски влакна
  • Манган
  1. Боровинки

Според експертите во Мајо Клиниката, истражувањата кои ги спровеле сугерираат дека боровинките се богати со нутриенти кои помагаат со многу хронични болести. Тие се богати со:

  • Фитонутриенти
  • Витамин Ц
  • Фитонутриенти
  • Витамин Ц
  • Растителни влакна
  1. Цимет

Мора да го вклучите циметот во вашата исхрана бидејќи со тоа ќе добиете баланс во организмот. Циметот порано беше многу повреден зачин и многу често се продавал за поголема цена од златото. Денес, циметот е ценет за здравствените придобивки кои ги носи. Неодамнешни истражувања велат дека циметот е добар за:

  • Превенција и борба со уринарни инфекции
  • Добар е за желудникот
  • Ја подобрува функцијата на мозокот
  • Го намалува лошиот холестерол
  • Промовира здрав метаболизам на глукоза
  1. Бадеми

Овие овални мали јаткасти плодови можеби го имаат клучот на вклучување на повеќе калциум во вашата исхрана. Всушност, бадемот е најголемиот извор на калциум од сите јаткасти плодови, 23 милиграми калциум во една порција. Она што го прави бадемот право богатство е дека изобилува и со витаминот Е, со една порција обезбедува 15 проценти од вкупниот дневен потребен внес. Но, бадемите се исто така и голем извор на протеин. Па затоа, доколку не јадете месо, бидете сигурни дека јадете бадеми.