Највкусните веган рецепти

Неверојатен колорит, необични вкусови, многу природни зачини и богати искуства се кријат во вкусната веган приказна.  Едноставни, но полни со состојки кои се богати со витамини и мало слатко задоволство за крај. Уживајте

Салата од морков и цвекло со балсамик сос

Време за подготовка: 30 минути

Состојки за салатата:

  • 600гр. Моркови, сечени
  • 600гр. Цвекло, лупено и сечено
  • малку магдонос, сечен

Состојки за сос:

  • 7 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 3 лажици оцет балсамик
  • 1 чешне лук (по желба)
  • ¼ чаша семки од сончоглед или тиква (по избор)
  • 1 лажица соја сос
  • Сол и бибер

Подготовка:

Морковите и цвеклото ставете ги во сад и мешајте ги. За подготовка на сосот ставете масло, оцет и лук (ако користите) и мешајте ги. Една лажица од маслиновото масло, подгрејте ја на тивок оган и додадете ги семките само 3 – 4 минути. На крајот од готвењето додадете го соја сосот. Поголемиот дел од соја сосот ќе исчезне, оставајќи солен вкус и темна кафена боја. Додадете го магдоносот на цвеклото и морковите, а потоа зачинете ги со сосот. Промешајте, сервирајте и уживајте.

Печен сладок компир со зеленчук

Време на подготовка: 40 минути

Состојки:

  • 4 слатки компири, нелупени
  • 3 главици црвен кромид,сечен
  • 1 лимон
  • 12 чешниња лук
  • 4 ловорови листа
  • 1/3 чаша маслиново масло
  • 3 лажици свеж сок од лимон
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажица благ црвен пипер
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица мајчина душица
  • ½ лажица чили
  • ½ мелен ким

Сол и бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C. Исечете ги компирите на парчиња. Ставете ги да се варат во претходно зовриена и посолена вода околу 3 минути. Исцедете добро. Измешајте ги компирите кромидот, лимонот,лукот и ловоровиот лист во голема тана. Измешајте ги заедно маслото, лимоновиот сок, доматното пире, црвениот пипер, ориганото, мајчината душица, чили и кимот, додадете ги врз компирите и мешајте. Додадете сол и бибер. Печете 30 – 40 минути, додека компирите не ја впијат течноста. Служете топло.

Чоколаден мус

Време за подготовка: 10 минути

Состојки:

  • 180мл. Вода
  • 225гр. Чоколадо (70% темно чоколадо)
  • Коцки лед
  • Шлаг или крем  за декорација

Подготовка:

Ставете ја водата на тивок оган и кога ќе се загрее додадете го чоколадото. Садот со чоколадниот сос ставете гово друг сад со коцки лед (сѐ со цел побрзо да се излади). На крај декорирајте со шлаг или крем и сервирајте веднаш.

Bon appétit!