Сладоледите се’ најубавиот и најслаткиот начин за летно освежување. Рецептот кој ќе ви го споменеме денес можеби повеќето од вас веќе го применуваат, а се работи за едноставен и брз рецепт за подготвување на едноставен овошен сладолед кој не содржи компоненти од животинско потекло па затоа велиме дека е инспириран или создаден од вегетаријанците.
Овој сладолед освен што е освежителен е и многу здрав бидејќи содржи могу витамини и минерали во себе, а истовремено не содржи никакви штетни материи, хемикалии или масти.
Потребни состојки:
- 200 грама боровинка
- 500 грама излупена банана
- 2 пакувања ванилин шеќер
- 100 грама грозје
- 300 мл. млеко од соја
Начин на пoдготовка
Боровинките добро измијте ги и откако ќе ги измиете, исецкајте ги бананите и додадете ги во боровинките, а потоа сите заедно изматете ги со миксер.
При крајот на матењето додајте го и грозјето, млекото од соја и ванилин шеќерот. Откако ќе ја соедините смесата ставете ја во сад и оставете ја во комора за длабоко замрзнување не помалку од 4 часа.
Послужување
Со лажичка за сладолед обликувајте ги топчињата. Ве советуваме секогаш пред да почнете да ги правите топчињата лажичката да ја потопите во топла вода, за да можете правилно да ги обликувате топчињата.