Најдобрите трикови поради кои ќе ослабете засекогаш !

Помирисајте банана, јаболко или пеперминт

Можеби звучи смешно, но овој трик навистина функционира. Луѓето кои често пати ги мирисаат овие карактеристични мириси на овошје, чувствуваат помала глад од оние кои не го прават тоа. Една од теориите за овој трик е дека мирисањето на одреден мирис, дава лажен сигнал до мозокот дека мирисот потекнува од храната која моментално се јаде.

Јадете пред огледало

Една студија открила дека оние кои јадат пред огледало, внесуваат скоро една третина помалку храна од останатите. По се изгледа дека за овој интересен трик е одговорен психолошкиот ефект на гледањето на својот лик како јаде во огледало, со тоа што се има поголема прегледност колку се јаде.

Бидете опкружени со сина боја

Постои добра причина зошто повеќето ресторани ја избегнуваат сината боја во својот ентериер. Верувале или не, сината боја делува како супресант на апетитот. Затоа, доколку сакате да ослабете, јадете во сини чинии, носете сина облека додека јадете, покривајте ја масата со син чаршав. Спротивно на ова, избегнувајте ја црвената, жолтата и портокаловата боја во просторијата каде најчесто јадете.

Фотографирајте ја порцијата

Наместо да ги запишувате хранливите продукти кои ги содржи вашиот оброк, земете фотоапарат и фортографијате секој пат пред да јадете. Визуелната претстава за тоа колку и што сте изеле е многу подобра од математички пресметаните калории кои сте ги внесле преку храната.

Користете појас за слабеење

Секогаш пред да излезете некаде на вечера, носете појас на половината, под облеката, за постојано да ве потсетува дека стомакот треба да го држите вовлечен. Со тоа се активираат абдоминалните мускули, и се трошат екстра калории.