Познатиот д-р Мехмет Оз ги повикува сите оние на кои здравјето им е на прво место да ги прифатат овие совети:
Не го одложувајте вашиот аларм
Секој пат кога ќе го одложите алармот наутро ги нарушувате вашите хормони и природните циклуси на различните фази на спиење. Тоа може да направи да се чувствувате „гроги“ и уморни наутро по станувањето. Значи, поставете го алармот во точното време на будење и никогаш не го прекинувајте вашиот сон со одложување на алармот – подобро наместо тоа да одите на спиење малку порано!
Дишете длабоко и истегнете се пет минути
Кога ќе се разбудите истегнете се добро. Потоа, седејќи на креветот со прстите па и со целото стапало допрете го подот, опуштете ги колковите и спуштете ја главата. Затворете ги очите и концентрирајте се на вашето дишење околу пет минути. Со ваква анти-стрес вежба може да го намалите ризикот од срцеви напади, да ги ублажите последиците од стресот, да ја подобрите циркулацијата и да додадете неколку години живот.
Јадете јајца за појадок
Истражувањето покажа дека јадењето протеини за појадок влијае во текот на денот да внесете помалку калории. Затоа јадете јајца во утринските часови за на вистински начин да го започнете вашиот ден. Јадете ги и жолчките, бидејќи тоа може да ги намали воспаленијата во мозокот кои се поврзани со Алцхајмерова болест.
Користете ги здравствените апликации на вашиот телефон
Користете ги апликациите на телефонот за да ги преброите калории, пристапете до здрави рецепти и да го следите вашиот фитнес напредок. Преземете апликации кои најдобро одговараат на вашиот животен стил и ве охрабруваме да остане на вистинскиот пат за активно контролирање на вашето здравје и начин на живот.
Јадете кромид и лук
Лукот може да го зајакне вашиот имунолошки систем, а исто така и да го намали крвниот притисок. Според една неодамнешна студија, лукот, исто така, помага да се контролира тежината. Оваа година, пробајте кромид, бидејќи тој е двапати побогат со антиоксиданси и нема да ви мириса здивот.
Половина од чинијата пополнете ја со зеленчук во секој оброк
Зеленчук треба да биде ‘рбетот на вашата исхрана поради тоа што има исклучително хранлива вредност, па затоа може да ве држи долго сити. Задолжително пополнете ја вашата чинија со шарен зеленчук за да го намалите крвниот притисок, да го одржите нивото на крвниот шеќер под контрола, и да го намалите ризикот од срцеви заболувања и рак.
Бидете 15 минути на сонце без заштита
Нашето тело ја користи природната сончева светлина за да го претвори витаминот Д во телото во неговата активна форма, или витамин Д3, кој помага во изградбата на здрави коски и силен имунолошки систем. Изложувајте се на сонце 10-15 минути на ден пред да го нанесете вашиот заштитен фактор за да ги искористите предностите на сите бенефиции на сонцето за вашето здравје.
Поканете пријател
Социјалната поддршка може да направи чуда за вашето здравје. Значи, кога сте нервозни и под стрес, јавете се на драг пријател. Споделувањето на вашите проблеми со лице од доверба ослободува окситоцин во вашето тело, кој помага во борбата против стресот и го намалува крвниот притисок. Запомнете, мала помош може да значи многу.
Движете се колку можете повеќе (сепак немојте да претерувате)
Една неодамнешна студија покажа дека умереното вежбање може да биде покорисно за губење на тежината и целокупното здравје отколку напорното вежбање. Обидете се да го забрзате вашиот пулс околу 30 минути на ден, пет пати неделно со вежби како што се трчање, возење велосипед или брзо одење. Секогаш одлучете се за умерена физичка активност, наместо еден час интензивно вежбање после кое ќе бидете премногу истоштени и гладни.