Многупати досега сме се увериле дека природата е навистина чудотворна и дека нејзините производи можат да ни помогнат за многу состојби и проблеми, но кога станува збор за анти-бактериските својства тука природата навистина блеска.
Масло од оригано
Маслото од оригано уште го нарекуваат крал на природните антибиотици.
Едно истражување покажа дека маслото од оригано ги убива дури 96% од бактериите пнеумококи, 92% од стафилококи, исто така 83% од стрептококи и 78% ентерококи од организмот.
Екстракт од маслинов лист
Екстрактот од маслинов лист како и многу други антибиотици е одличен избор кога не се знае точниот тип на бактерии со кои имате проблеми бидејќи неговото делување е на поширок спектар покажаа истражувањата спроведени во Кореја.
Таму е докажано дека екстрактот од маслинов лист ги спречува штетните ефекти на слободните радикали, што е од голема корист за науката затоа што слободните радикали се идентификувани како најголем причинител за стареењето и предизвикуваат многу болести.
Лук
Лукот е еден од најдобрите и најдостапни природни антибиотици, а неговите антивирусни и антигабични својства се неверојатни. Користете го секогаш кога можете, особено во ова време од годината кога грипот и вирусите се најраспространети. Лукот содржи калиум и германиум, двата минерала кои се од посебно значење за здравјето, а исто така е познат и по сулфурните соединенија, посебно алицини кои се главните фитохемикалии одговорни за зајакнување на имунолошкиот систем, а кои дејствуваат како природен антибиотик.
Кога станува збор за начинот на кој да се користи лукот, најдобро е да се употребува во својата свежа форма, а лукот во прав заборавете го бидејќи речиси нема никакви лековити својства, затоа што испариле за време на обработката.
Зелен чај
Зелениот чај е последен од оваа група најдобри природни антибиотици, но не и помалку важен. Една од активните состојки на зелениот чај е епигалокатехин галат (ЕГЦГ), за која истражувањата докажаа дека е многу моќен борец против одредени орални бактерии.
Бидејќи е добро познат по својата неверојатна способност да ги разложи мастите во телото е одличен природен антибиотик и треба да стане дел од вашето секојдневие.
ПРОДАЖНИ МЕСТА: Во сите аптеки на ЕУРОФАРМ и Марвик – Продавници за здрава храна.
НАРАЧКИ НА ТЕЛЕФОН: 02 3218 821