Најдобрите модни парчиња кои визуелно ќе го намалат вашиот струк

Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но многу жени постојано се во потрага по можноста да изгледаат витки. Со соодветен избор на облека визуелно можете да го стесните струкот.

Еве неколку совети од стилистите за да изгледате витки:

1. Пеплум

Кројот на блузата со пеплум ќе го сокрие вишокот на килограми во областа на струкот. Важно е топот да нема многу набори и пеплумот да е на вистинското место веднаш под струкот. Тоа може многу да придонесе за женската фигура (насловна фотографија).

2. „Блок“ фустан во боја

Веројатно секоја жена сака да има фигура на песочен часовник, а тоа е возможно со таканаречениот „блок“ фустан во боја. Кога сакате да ја истакнете женственоста на најдобар начин, облечете фустан чии надворешни страни ќе ги нагласат линиите на песочниот часовник.

moda 3

3. Панталони со риги

Доколку сте во потрага по совршени панталони можеби треба да размислите за моделите со вертикални риги. Тенките вертикални линии прават чуда на женското тело. Нозете ќе ви изгледаат долги и тенки, а соодветно избраните панталони уште повеќе ќе ја истакнат вашата фигура и во делот на струкот.

4. Струкиран фустан

Имате облини?Одлично! Постојат повеќе типови на фустани за вашата фигура, а и струкираниот е еден од нив. Се препорачува фустан од подебел материјал како што е кеперот. Не и одговара секоја ткаенина на женската фигура.

moda 1

5. Мантил со каиш

Постоја причини поради кои мантилот се наоѓа на листите на трендови од година во година. Тој е функционален и ја истакнува женската фигура, посебно ако се носи со каиш.

6. Фустан со преклоп

Фустаните со преклоп се омилени за многу жени, а не е ни чудно зошто. Освен тоа што никогаш не излегуваат од мода, ги истакнуваат природните женски облини без разлика на големината на телото. А одлично се согласува со чевли и чизми.

moda 44

7. Струкирано сако

Благодарение на големиот избор на можности, струкираното сако е хит за секоја сезона. Кога сакото е во прашање, навистина може да најдете многу модели кои ќе го истакнат тоа што го сакате, а да го сокриете тоа што не го сакате. Со соодветен топ под сакото исто така можете да го постигнете саканиот ефект.

8. Здолниште со форма на молив

Дали за на работа или за вечерните часови, овој тип на здолниште станува се повеќе популарно. Пронајдете и вие едно такво за себе, со кое ќе ги истакнете куковите и струкот и така визуелно ќе изгледате потенки.

9. Топ со волани

Најдобриот начин за да го оттргнете вниманието од нешто што не сакате да го покажете е да го истакнете оној дел кој сакате да дојде до израз. Блузата со волани ја балансира силуетата, додавајќи му волумен на деколтето и оттргнувајќи го вниманието од стомакот.

10. Панталони со висок струк

Ништо не ја истакнува женствената фигура како одличните панталони со висок струк. Тие го насочуваат вниманието на најтесното место, точно под градите.