По напорен ден, штом ќе стигнете дома може да направите едноставна купка за уморни и болни нозе. Ароматерапевтите препорачуваат во сад со топла вода, да се стават шест капки еукалиптус и масло од роза, како и лажица сок од лук. Нозете се држат пет минути, што е доволно за да екстрактот влезе преку кожата и почне да делува , а потоа се мијат под млаз ладна вода.