Намалување на килограмите
Артичоки: Артичоките помагаат при детоксикација на црниот дроб, имаат ниска калориска вредност, и содржат супстанци кои го намалуваат нивото на холестеролот.
Лимон: Познато е дека доколку се пие свежо цеден лимонов сок, телото се снабдува со преку 30 детокс-супстанции, меѓу кои е пектинот, кој спаѓа во растворливи влакна кои помагаат во одржување на нормалната телесна тежина.
Грејпфрут: Грејпфрутот е потентен природен детоксификатор на организмот, поради тоа што забрзано ги отстранува одредени лекови и супстанции кои се внесуваат во организмот. Црвениот грејпфрут содржи ликопен, кој е антиоксидант и кој придонесува за почиста кожа.
Чиста и сјајна кожа
Лубеница: Богата со вода и детокс-материи, лубеницата исто така, е богата со ликопен, антиоксидант кој ја зголемува кожната резистентност кон ултравиволетовото оштетување.
Авокадо: Богато со витаминот Е и есенцијални минерали, авокадото придонесува за чиста и сјајна кожа и убав и негуван тен.
Дигестија
Папаја: Папајата содржи специјални ензими кои го подобруваат варењето на храната.
Ѓумбир: Ѓумбирот е познат промотор на крвната циркулација и ја помага нормалната дигестија. Ѓумбирот исто така, содржи антивоспалитени супстанци, кои помагаат во детоксификација на организмот.
Здрави коски
Зелен чај: Зелениот чај ја зголемува густината на коските, скоро исто како и практикувањето на физичка активност и внесување на калциум. Не само што го подобрува здравјето на коските, туку содржи и супстанци кои имаат силни антиоксидантни својтва и штитат од белодробен карцином.