13 состојки кои го прочистуваат црниот дроб од маснотии и токсини за помалку од 2 недели

Ако секојдневниот стрес го контролираш со масна храна, многу шеќер, кофеин, цигари, алкохол, лекови, тогаш влегуваш во категоријата на луѓе чиј црн дроб е загрозен од безброј токсични супстанци.

Болестите на црниот дроб се во постојан пораст, 3 од 10 луѓе во светот имаат замастен црн дроб!

Ваквиот податок говори дека на нашиот филтер му е потребна филтрација за да може непречено да го обавува процесот на детоксикација.

Црниот дроб има уникатна способност да се возобновува, но кога лимитот на токсини што може да ги преработи е надминат, потребна му е помош.

Во природата постојат неколку моќни билки кои имаат многу полезно дејство за црниот дроб. На луѓето им се познати од пред 2 илјади години. Со нивна помош го освежувале и го обновувале организмот со цел да дојдат до повеќе енергија.

Бел трн

Прв на листата најефикасни прочистувачи на црниот дроб е белиот трн, меѓу народот познат како магарешки или млечен трн. Оваа несекојдневна билка со виолетова боја содржи силимарин, активно соединение кое докажано го намалува воспалението на црниот дроб, учествува во регенерација на ткивата на црниот дроб и ги штити клетките на органот од токсините кои сакаат да се залепат за нив.

Екстрактот од семето на белиот трн содржи најмногу силимарин кој ширум светот се користи како комплементарна терапија за лекување на замастен црн дроб, алкохолен замастен црн дроб, хепатитис па дури и рак.

Силимаринот е најмоќното превентивно средство за заштита на црниот дроб, бидејќи делува како антиоксидант кој ја намалува штетата што ја наметнуваат слободните радикали кои доаѓаат однадвор, но и оние што се создаваат при метаболизам на мастите.

Глуварче

Во алтернативната медицина глуварчето се нарекува „тоник за црниот дроб“, поради способноста да го зголеми протокот на жолчката. Запомнете, жолчката е важна течност што црниот дроб ја произведува за да го помогне варењето. Студија од 2017 година сугерира дека полисахаридите (вид на јаглехидрати) во глуварчето, може да ја поддржат функцијата на црниот дроб преку поттикнување на детоксикацијата.

Артичока

Артичоката содржи полифеноли, активни соединенија чија концентрација е највисока во листовите. Затоа екстрактот од листот на артичоката има далеку повеќе потенцијални здравствени придобивки отколку консумирањето артичока како зеленчук.

Екстрактот го штити црниот дроб од оштетување, но промовира и раст на ново ткиво. Исто така го зголемува производството на жолчката, со што помага да се отстранат штетните токсини од црниот дроб.

Куркума

Антиоксидативното и антивоспалителното својство на полифенолите што ги содржи куркумата го намалуваат ризикот од замастување на црниот дроб поттикнат од стрес.

Студиите изведени на домашни животни, покажаа дека стресните услови поттикнуваат физички промени во нивниот црниот дроб, а тие водат до негово замастување.

Но, кога животните во студијата биле хранети со мешавина од куркума и зелен чај, истражувачите забележале дека црниот дроб почнува да се возобновува.

Моќните антиоксиданти во куркумата го штитат црниот дроб од штетните слободни радикали и дури го намалуваат ризикот од формирање канцерогени клетки во ткивото.

Холин

Холинот е макронутриент многу сличен на витаминот Б, кој е особено важен за здравјето на црниот дроб. Холинот овозможува правилен транспорт на мастите од црниот дроб до клетките низ телото. Холинот го штити црниот дроб од штетните токсични натрупувања. Спречува да се акумулираат маснотии во црниот дроб, што може да доведе до сериозни состојби како што се безалкохолни масни заболувања.

Моќна сигергија од 5 состојки

Потпирајќи се на докажаната природна моќ на овие 5 билки, Dr. Viton го создаде најбогатиот природен суплемент за прочистување на црниот дроб. Но, формулата ја дополни со уште неколку признати поттикнувачи на детоксикацијата како шисандра, цикорија, корен од ѓумбир, витамин Е, Витамин Д3, Л-глутатион, Н-ацетил цистеин и екстракт од црн бибер, за сите овие состојки лесно да се апсорбираат.

Станува збор за Dr. Viton – Liver Detox, твојот најголем штит од токсини и најмоќен поддржувач на работата на црниот дроб.

Секој филтер има рок на траење, не дозволувај да се одлеат токсините од твојот црн дроб, бидејќи така си го ризикуваш здравјето.

Пиј Dr. Viton – Liver Detox и твојот црн дроб успешно ќе се справи со токсичниот отпад!

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го нарачаш онлајн на  https://alfalab.mk/proizvodi/liver-detox/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.