Мотивација: Ослабел неверојатни 82 килограми за 10 месеци

Крег Анвин (39) кој работел како обезбедување, уживал во чипсите и чоколадата особено кога бил втора смена. Но еден ден почувствувал толку големо понижување пред својата фамилија, што го натерало малку да размисли за својот живот.

Кога на прошетка во забавен парк вработените му забраниле да се вози на “лудата железница” затоа што со неговите 173 килограми може да предизвика сериозен проблем, Крег бил принуден да гледа како неговото семејство се вози без него.

images_statii_zanimlivosti_oslabel-80-kg-statija

“Во тој момент знаев дека морам нешто да променам во својот начин на живот или ќе бидам мртов додека наполнам 50 години“, вели Крег.

Таткото на двете деца се здебелил додека работел како обезбедување и постојано бил втора ноќна смена, а уживал кога јадел чипс и чоколатца. Но за само 10 месеци успеал да ослаби 82 килограми.

images_statii_zanimlivosti_oslabel-80-kg-01

“И јас се изненадив колку брзо ослабев. Мислев дека ќе ми требаат неколку години за да ослабам 60 килограми“, вели Крег.

“Одам во теретана три до четири пати неделно и таму останувам околу два часа. Тоа е мојот втор дом“, вели Крег и додава дека целта му е да изгуби уште 12 килограми за да ја има тежината кога имал 21 година.