Моќната Мака

Маката е билка која потекнува од подрачјето на Андите и расте на висина од 2400 до 4400 метри надморска висина. Древните Инки прав од коренот од ова растение го користеле пред походи за да ја зголемат издржливоста на телото.

Поради големите благодети по организмот на човекот маката е сместена во категоријата на суперхрана.Таа претставува природен адаптоген односно нејзиното конзумирање ја зголемува телесната издржливост и отпорност спрема стресот, анксиозноста, исцрпеноста. Коренот на маката во себе содржи алкалоиди, аминокиселини, диетални влакна, есенцијални масни киселини,микро и макронутритиенти,витамин Ц,Б2,Б3,Б6, минералите: калциум, железо, цинк, кали-ум,манган.

Маката во себе содржи четири единствени алкалоиди-макаина 1,2,3,4 кои ги нема во ниедна друга билка.Овие алкалоиди го потпомагаат искористувањето на организмот на сите нутритиенти што ги содржи маката.Здравствените придобивки од користење на маката се подеднакво големи како за жените така и за мажите.

Маката ја подобрува функцијата на ендокриниот систем кој е одговорен за работата на хормоните, при што воспоставува хормонален баланс во организмот.Таа исто така ги ублажува менструалните болки, придонесува за редовен месечен циклус, ги ублажува симптомите на менопауза (промена на расположение, несоница, топлотни бранови, остеопороза).

Маката го јакне либидото и потенцијата кај мажите,помага кај неплодност(позитивно влијае на производство на сперма и го зголемува волуменот на семето)поради што уште ја нарекуваат и природна вијагра.Таа го позитивно влијае на имуниот систем,ја подобрува функцијата на мозокот(го подобрува помнењето и концентрацијата),го успорува процесот на стареење на организмот,го зголемува нивото на енергија,позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните садови,помага при анемија.

Витамин Ц 285 мг,битамин Б2 0.4 мг,витамин Б3 5.7 мг,витамин Б6 1.1мг,калциум 250 мг,железо 14.8 мг,калиум 2000мг,бакар 6 мг,манган 0.8 мг Препорачана дневна доза е од 1500-3000 мг.