Млекото е најдобрата превенција од кралската болест – ГИХТ

Редовното консумирање млеко и млечни производи може за 50% да го намали ризикот од појава на ГИХТ, познат како болест на кралевите и кралска болест.

Гихтот е воспаление на згобовите-артритис, прeдизвикано со создавање на кристали од мочната киселина во зглобовите.

Во истражувањето на американските научници, било утврдено дека некои видови зеленчук, за кои порано се верувало дека го зголемуваат ризикот од појавата на гихт, на пр. спанаќот, грашокот, гравот и карфиолот немаат никакво дејство на ризик од појава на оваа болест.

Во истражувањето учествувале 47,150 испитаници, а утрврдено е и дека секојдневното консумирање месо го зголемува ризикот од појавата гихт за 21%

Консумирањето морска храна секоја недела, исто така може да го зголеми тој ризик за дополнителни 7%