Сигурно познаваш барем еден човек со срцев удар, стент или висок крвен притисок. И веројатно е човек над 50 години, па си велиш: „Нормално е, покачениот крвен притисок и срцевите заболувања одат рака под рака со годините.“
Но, дали е тоа навистина така?!
1 од 5 пациенти со срцев удар е на возраст под 35 години. Процентот на срцеви удари кај младите лица до 30 години се зголемува за 2% секоја година. Срцевиот и мозочен удар, како и останатите кардиоваскуларни заболувања, стануваат сѐ почеста појава кај младите, a се последица на холестеролот.
Многумина млади луѓе воопшто не се свесни дека имаат покачен холестерол, сѐ додека не доживеат срцев удар или срцева слабост.7.5% од вкупниот број лица со дијагностициран висок холестерол во крвта, се на возраст од 20 до 39 години.
Што е холестеролот и како го зголемува ризикот од срцев удар?
Голема небулоза е дека холестеролот е лош. Холестеролот е восочна супстанца неопходна за многу функции во организамот. Но, кога е присутен во високи количини, почнува да се таложи по ѕидовите на крвните садови, создавајќи наслаги наречени плаки. Плакот го стеснува крвниот сад и го намалува протокот на крв, а го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар.
Зошто се поголем број млади луѓе имаат покачен холестерол?
Покачениот холестерол е за постари. Впрочем, најголемиот број лица со покачен холестерол имаат меѓу 40 и 59 години. Но, застрашувачката реалност е дека бројките растат и кај помладите лица. Причини за оваа ризична појава има многу.
За почеток, лошата исхрана.
Можеби звучи како клише, но брзото темпо на живеење и недостигот на време за домашно приготвена храна, несвесно ја тера младата популација да биде жртва на неквалитетна исхрана.
Пржена, брза, преработена, храна богата со транс и заситени масти – чипсови, колачи, грицки, печива, хамбургери – храна која се јаде од нога, брзо достапна и крајно штетна за целиот организам. Лошата исхрана може да предизвика вишок килограми, дијабетес, холестерол и триглицериди.
Физичката неактивност
Голем процент од младите луѓе седат повеќе од 8 часа згужвани пред компјутер. Тоа е лошо за држењето, за циркулацијата, за работата на белите дробови, за срцето и за целиот скелетен систем.
А вежбањето, некако сѐ почесто паѓа надолу на листата на приоритети.
Според едно истражување, само пешачењето од 1 час, 5 дена континуирано, може да го намали нивото на ЛДЛ (липопротеин со ниска густина).
Физичката активност може да го намали ЛДЛ за 15%, а да ја зголеми количната на ХДЛ (липоптореин со висока густина) за 20%. Експертите препорачуваат 30 минути физичка активност најмалку 5 дена во неделата за оптимално здравје.
Стресот игра важна улога
Хроничниот стрес може да биде погубен за организам, а токму таквиот е воздух за младите луѓе денес. Постојаната изложеност на стрес, не само што со сигурност го покачува холестеролот, туку значително ги зголемува шансите за сериозни канцерогени заболувања и срцев или мозочен удар.
Едно големо истражување со 91.500 испитаници во различни професии, покажува дека стресот поврзан со работата го зголемува ЛДЛ и со намалува ХДЛ. Луѓето кои работат стресна работа многу често земаат лекови за намалување на холестеролот.
Семејна историја
Семејна хиперхолестеролемија – Ако дедото и татко имаат покачен холестерол, тогаш голема е веројатноста и младиот дечко да има холестерол. Токму затоа, лекарите препорачуваат редовните контроли на холестеролот да стартуваат во 20-тите години од животот и да се прават на секои 5 години.
Dr. Viton – Holesterid можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Dr. Viton – Holesterid можеш да го нарачаш онлајн на
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-holesterid/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.