Состојки за лебот:
500 грама бело брашно
200 грама црно брашно
Два лажици сол
3 лажици сув босилек
Еден свеж или сув квасец (по желба)
100 милилитри масло
Подготовка:
Замесете го брашното со солта, босилекот, маслото и квасецот кој ќе го подготвите во млака вода и малку шеќер квасецот.
Оставете го тестот да отстои покриено со влажна крпа додека да нарасне, а потоа измесете го уште еднаш.
Направете векна или повеќе мали топчиња леб (по желба) и печете го во загреана рерна на 150 степени околу 30 минути.
Состојки за 500 грама намаз/паштета:
2 чаши ореви
2 целера исецкани на коцки
1 црвена пиперка
1 чешне лук
1 лажица маслиново масло
¼ лажица црвена слатка пиперка во прав
1 лажичка сол
Сите состојки измиксајте ги во блендер додека смесата не стане еднолична и по потреба додадете уште сол.
Послужете ја веге паштетата со тазе печениот леб и уживајте!