Месечен хороскоп – Лав … што предвидуваат за Вас ѕвездите во месец декември

Умеете многу да барате и делувате претприемнички. Во согласност со своите професионални афинитети често се наоѓате во центарот на главните случувања на работа. Сочувајте ги присебноста на духот и промисленоста, за да можете правилно да одговорите на различни дилеми кои ве следат на полето на работа или во средбата со соработниците. Со јачината на желбата и личната иницијатива, ќе успеете да се наметнете пред соработниците или во некои важни ситуации.

Ви импонира работа во која до израз доаѓаат вашите претприемачки и организаторски способности. Во периодот до 19. Декември, потребно е да ги исполните своите редовни обврски или да ги израмните некои финансиски побарувања. На крајот на месецот посветете внимание на својот работен спил или начинот на изразување. Повеќето работни цели можете да ги остварите благодарение на добрата проценка и низ успешна соработка, проширете ги своите контакти во различни насоки. Се наоѓате во прекрасна можност да остварите хармонија на заедничкиот живот или на своите љубовни желби. Чувствувате потреба да ги истакнете некои случувања во кругот на семејството или во однос на саканата личност. За среќа, вашиот љубовен стил делува многу предизвикувачки и поттикнувачки на партнерот. Имате можност да слушнете позитивни коментари за својот изглед или однесување, ви прија нечија емотивна наклонетост и внимание. На личноста која ви се допаѓа јасно и давате до знаење дека преферирате хармоничен однос, возбудлива љубовна романса или страна врска. Доколку сте млади или слободни, посакувате нова љубовна романса. Уживајте во новите љубовни предизвици, но бидете и доволно искрени во изразувањето на своите чувства. Среќата во љубовта е достижна, само кога се наоѓате во друштво на личност која одговара на вашите афинитети и вкус.

ПРЕДЛОГ- присуството на Меркур и Сонцето во петто поле, со позитивно влијание на Венера во вашето шесто поле, ќе направи правилно да ги вреднувате работите и светот околу себе. Со поволното влијание на Јупитер и Марс, се наоѓате во можност да остварите успех во работата и љубовно задоволство. Нивото на вашите професионални и лични можности, може да се зголемува во согласност со разновидните интересирања кои ве следат. Посебно предизвикувачки ви влијае присуството на Сатурн во четврто и Уран во деветто поле, важно е да ги ускладите своите интереси со личните или емотивни потреби.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ