Медитеранска исхрана ја подобрува плодноста на жената

Жените кои се придржуваат на медитеранскиот тип на исхрана, се повеќе заштитени од евентуални проблеми поврзани со можноста за забременување, се наведува во новото истражување спроведено во Шпанија.

Во истражувањето земале учество околу 500 жени со репродуктивни проблеми и повеќе од 1600 жени кои имаат најмалку едно дете. На доброволките им биле поставени серија на прашања поврзани со нивниот начин на исхрана и дали ја следат западната или медитеранската исхрана.

Западната исхрана вклучува црвено месо, компир, рафинирани зрна, шеќер, високoмаслени производи и друго.

Медитеранската исхрана вклучува овошје, зеленчук, риба, целозрнести производи, ореви, мешункасти растенија и умерен внес на алкохол.

Околу 17% од жените, кои се придржувале строго кон медитеранската исхрана, велат дека немале никакви проблеми да забременат, во споредба со 26%, кои не ги почитувале навиките за здрава исхрана, имале проблеми со фертилитетот.

Истражувачите сметаат дека медитеранската исхрана има заштитен ефект врз инсулинската резистенција, и хормоните кои се вклучени во процесот на овулација имаат суштинско значење за репродукцијата.

Овој тип на исхрана содржи хранливи материи кои им помагаат на телото да одржува нормално ниво на шеќерот во крвта, што помага за зачувување на балансот на репродуктивните хормони, констатираат истражувачите.

Диетата може да го намали ризикот од неплодност, но не претставува и лекување на постоечка неплодност, предупредуваат експертите.