Медицинска свежа салата

Оваа салата можете да ја конзумирате кога сакате и колку сакате, а таа освен што ќе ви обезбеди витамини, минерали и сите есенцијални елементи за организамот, нема да допринесе за зголемување на килограмите, туку спротивното, ќе ви помогне да ја задржите витката линија. Идеална е за појадок или вечера, а се прави на толку едноставен начин и со навистина за нас достапни продукти.

Што ни е потребно?

  • Парче црвена зелка
  • Парче бела зелка
  • 4 моркови
  • Главичка лук 
  • Маслиново масло
  • Малку зачин
  • Бибер

Како се приготвува?

Многу едноставно, само исечкајте ги сите продукти заедно, зачинете со бибер, зачин, сол и додадете го маслиновото масло, добро измешајте и тоа е се.

Зошто е корисна?

Секое овошје и зеленчук е корисно за нашиот организам, но црвените по боја навистина се посебни. Спојот на црвената зелка, морковот и црвениот лук, ќе дадат идеална количина на антиоксиданти и витамини за вашето тело и доколку редовно ја користите навистина ќе допринесете за:

  • Подобар имунитет
  • Подобар вид
  • Здрава кожа
  • Виталност
  • Витка линија

… и уште многу други корисни својства . Салатите од зеленчук се најдобар избор за топлите летни денови, па затоа ви препорачуваме да ги користете што е можно повеќе и останете целосно здрави и витални во текот на целото лето.