Масло од тиква природен производ богат со витамини А, Е, Цинк и скапоцените Omega 3 и Omega 6
Маслото од семки од тиква има широка употреба во кулинарството а исто така и во медицината.
Се користи во супи, салати, дресинзи итн. Различни студии покажале дека ова масло ги подобрува симптомите на зголемена простата и е идеално за лекување на синдром на дебело црево. Исто така го регулира холестеролот и делува превентивно против артериосклерозата.
Маслото од семки од тиква содржи многу корисни компоненти како Омега 3 и Омега 6 масни киселини, амино киселини, цинк, како и пристојни количини Витамин А, Ц, и Е. Маслото има широк спектар на антиоксиданси и бета каротен. Тоа се абсорбира брзо преку кожата така што не дозволува пукање на истата и нејзино сушење.
На тој начин ги намалува брчките на кожата а со тоа и знаците на стареење. Идеално е за секоја возраст и помага за зајакнување на имуниот систем, го стимулира централниот нервен систем и помага во раст на коските.