Маслото од лук е природен антибиотик кој го штити организмот од развојот на габи и бактерии кои се причинители на многу респираторни и стомачни болести. Маслото од лук е најдобриот „чувар на срцето“.
Ја регулира срцевата аритмија го подобрува работењето на срцевите крвни садови и снабдувањето на срцевиот мускул со крв, што доведува до подобрување на срцевата функција и ја спречува можноста за згрудчување на крвта со што ја намалува склоноста кон тромбоза. Го подобрува варењето на храната и работата на желудникот, ја поттикнува работата на црниот дроб, бубрезите и простатата.
Аминокиселините од лукот го намалуваат „лошиот“ холестерол (LDL) и триглицеридите , а ја зголемуваат концентрацијата на „добриот“ холестерол (HDL), дури и при консумирање на многу масна храна. Помага во лечењето на разни заболувања на белите дробови, а исклучително е делотворен при лечењето на грип и хроничен бронхитис.
Го зајакнува имунитетот и го прави телото отпорно на вируси и инфексии од секаков тип. Делотворен при главоболки, болни грчеви во потколениците, честа појава на херпеси по телото, Кандида и други типови на габични инфекции.
Го намалува крвниот притисок за неверојатни 5% до 10%.
Маслото од лук е неопходно за лекување на дијабетес преку неговите хипо-глицемички својства. Научниците докажаа дека редовна консумација на масло од лук го намалува ризикот од рак и го забавува развојот на тумор клетките во организмот.
- Маслото од лук ја зголемува отпорноста имунолошкиот систем и е силен борец против инфекции на градите, го олеснува дишењето и кашлањето. Во зима лукот е одличен за спречување на грип и настинки.
- Ова растение содржи големи количини на јод, што го прави многу ефикасен лек во борбата против хормонални нарушувања. Докажано е дека лекувањето со лук е многу ефикасно.
- Наместо да трошите пари на виагра и други лекови за импотенција кои многу лошо може да влијаат на вашето здравје, обидете се вашата состојба да ја излечите со лук, кој важи за многу моќен афродизијак.
- Kaрдиоваскуларните болести може да се спречат или да се намалат со користење на маслото од лук. Лошиот холестерол не го сака лукот, а се верува дека дури и таложењето на наслаги во вените, исто така, може да се намали со помош на ова чудотворно растение.
- Лукот без проблем ги лекува и габичните и вагиналните инфекции. Всушност, лукот испушта алицин состојка која е важна и влијае како природен антибиотик.
- Лукот е одличен извор на витаминот Б6, кој е неопходен за одржување на имунолошкиот систем и доброто расположение. Тој е одлична превентива за многу канцерогени заболувања, а познато е дека го регулира крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.