Иако е нешто помала, птицата Ему која потекнува од топлите креаеви на Австралија многу наликува на ној. Сепак, нејзината популарност изминативе години ја надминува грандиозноста на нојот. Ако се запрашате зошто, одговорот веројатно ќе го најдете во нејзиното антивоспалително, смирувачко и антибактериско дејство првенствено. Еве зошто есенцијалното масло од ему е лекот на 21от век.
Австралиско богатство во капки
Легендите и приказните за Австралиските Абориџини уште зборуваат за нивната употреба на маслото од птицата ему повеќе од четириесет илјади години. Се верува дека го користеле за намалување на болките, побрзо залекување на раните и да ја заштитат кожата од ригорозноста на сонцето и вертовите. Секако, нивните начини на употреба и добивање на маслото од ему се многу поинакви од оние кои денесѝ се познати на медицината и фармакологијата.
Маслото од ему стапнало на Европско тло како природен лек за заштита од сончевата светлина како и природен хидратантен крем на кожата. Покрај тоа, маслото од ему било многу употребувано во земји и случаи со појава на модринки, оштетување на ткивата, изгореници и проблеми со сува кожа.
Начин на подготовка и магијата во маслото од ему
Маслото од ему потекнува од истоимената птица, во научните кругови позната како Dromaius novaehollandiae. Маслото од ему се екстрахира од масното ткиво на птицата, па така поголемиот дел, односно 70% од маслото од ему го сочинуваат незаитени масни киселини.
Како такви, со најголем удел се јавуваат олеинската киселина која претставува дел од незаситените омега 9 масни киселини и линолеинската киселина, која претставува дел од омега 6 масните киселини.
Бенефити од маслото од ему
- Затнување на порите – во многу козметички средства се наоѓаат состојки кои ги затвораат порите на кожата. Истражувањата покажуваат дека маслото од ему содржи таква формула која им дозволува на клетките слободно да дишат.
- Масни киселини: Истражувањата покажуваат дека благодарение на богатиот состав на масни киселини во маслото од ему, тоа има способност да го намалува воспалението на зглобовите. Маслото од ему содржи високо ниво на линолеинска киселина (супстанца која ја намалува болката на мускулите и зглобовите) и олеинска киселина која го намалува локалното воспалување.
- Навлегува длабоко во кожата: Причината поради која маслото од ему лесно навлегува во порите на кожата е тоа што не содржи фосфорни компоненти. Нашата кожа има дефицит од фосфор, односно воопшто нема фосфорни соединенија во неа. Кога ќе нанесете нешто што во својот состав содржи фосфор, кожата е така „програмирана“ тоа да го отстрани, односно да не му дозволи да навлезе во кожата.
- Кожа: Маслото од ему е многу корисно не сами за зачувување на убавината и подмладување и хидрирање на кожата, туку и поради своите ефекти на третирање на разни кожни заболувања како што се егзема, изгореници, лузни и псоријаза
Масните киселини во маслото од ему
Маслото од ему содржи есенцијални масни киселини, компоненти кои му се неопходни на организмот за правилно функционирање. Маслото од ему во себе содржи омега 3, омега 6 и омега 9 масни киселини.
- Омега 3 масните киселини се добри за срцето, бидејќи ја зголемуваат концентрацијата на добриот холестерол, а ја намалуваат концентрацијата на триглицеридите.
- Омега 6 или линолеинска киселина е незаситена масна киселина. Линолеинската киселина синтетизира простагландини. Тоа се супстанција неопходни за секоја клетка, за одржување на целокупното здравје. Линолеинската киселина е неопходна при растот и развојот на новороденчето. Таа ги одржува здрави клеточните мембрани, ја поттикнува хранливоста во организмот и го контролира крвниот притисок, згрутчувањето на крвта, воспаленија, телесна температура. Мастите се важни се одржување на енергијата во телото. Тие учествуваат при апсорбирање,транспорт и разградување на витамините А,Д,Е и К
- Омега 9 е незаситена масна киселина уште позната под името олеинска киселина. Омега 9 се произведува во одредени количини во организмот, а тоа зависи од присуството на омега 3 и омега 6.
100% EMU OIL – НАРАЧКИ НА ТЕЛЕФОН 02 3218 821
СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 8:30 ДО 15:30
Масло од ему и опаѓање на косата
Alopecia Areata е состојба уште позната како губење на косата. Најчесто се работи за косата на скалпот, но може да засегне и било кое друго подрачје на телото. При оваа состојба, се намалуваат фоликулите на влакната со што влакното станува слабо и тенко. Негативната компонента, покрај ова, е тоа што оваа состојба трае подолго време пред воопшто да почне да паѓа косата.
Оваа болест е многу непредвидлива: кај некои луѓе доаѓа до опаѓање на делови од косата кои потоа со текот на години повторно растат. Но, кај некои луѓе доаѓа до екстремно губење на косата и потполна ќелавост. Фактот кој до некаде може да се смести во категорија позитивни вести е што фолекулите се сѐ уште живи и го „очекуваат“ сигналот од телото кога да се активираат.
Никој не е 100% сигурен зошто доаѓа до вакво опаѓање на косата од телото, меѓутоа најголемите сомнежи се вртат околу тоа дека имунолошкиот систем ги потиснува фолекулите. Непознато е дали тоа е појава поттикната однадвор или од внатрешноста на организмот. Кај 1 од 5 лица кои страдаат од оваа болест, забележано е присуство на истата кај уште еден член од семејството. Така, се претпоставува дека можеби е и генетска појава, која не е исклучена ниту во семејства каде има рана појава на дијабетес, проблеми со тироидната жлезда, артритис или лупус.
Есенцијалните киселини во маслото од ему ја хранат кожата на скалпот. Истражувања покажуваат дека неактивните фолекули на косата се активираат благодарение на маслото од ему.
[rpi]
Масло од ему и артритис
Застрашувачки се бројките на луѓе кои се очекува дека ќе заболат од артритис до наредните 15 години. Артритисот е резултат на распаѓање на рскавицата или воспаление на истата. Рскавицата ги штити зглобовите и помага при лесно движење, апсорбирајќи ја полката кога зглобот е под притисок. Без рскавица, при движење, коските ќе се тријат меѓусебно што предизвикува болки и воспаленија.
Маслото од ему содржи антивоспалителни компоненти како што е олеинската киселина. Бидејќи при појава на артритис има и појава на воспаление, емуто е вистинскиот лек за оваа состојба. Освен тоа, маслото од ему е одлично за ослободување од болката при остеопороза, ревматичен артритис, отоци и слично.
Масло од ему и егзема
Егземата е хронично заболување на кожата. Ако не се третира со време, за неколку недели или месец кожата станува многу црвена и воспалена. Оваа состојба најчесто се јавува кај луѓе кои имаат алергиска астма, ринитис или алергија на храна.
Егземата може да се јави и како резултат на средината. При егзема, многу е важна хидратација на кожата после миење на рацете до сапун или користење на било каков детергент, козметички производ и слично. Многу е важно да ја одржувате кожата влажна.
При појава на егзема, кожата е сува, не поради недостаток на природна хидратација, туку поради тоа што нема способност да задржи вода. Додавањето на вода на таквата кожа, може само да го влоши почесто. Исплакнете ги во млака вода рацете 20 минути и избришете ги со сува крпа, па веднаш нанесете масло од ему. Повторувајте ја постапката барем еднаш во текот на денот, а доколку почувствувате потреба и повеќе пати.
Масло од ему и псоријаза
Псоријазата е автоимуно заболување на кожата, за кое научниците веруваат дека е генетски предодредено. Поттикнувањето на псоријазата може да биде предизвикано од многу фактори од обична настинка со повреди на кожата или инфекции.
Псоријазата ја намалува болката предизвикана од раните на псоријазата кои имаат тешкотии во зараснувањето. Маслото од ему е хранливо за ткивото и може да го пренасочи, потпомогне растењето на клетките и да ја намали штетата на псоријазата.
Масло од ему и габични инфекции на кожата
Габичните инфекции на кожата се тешки за распознавање. Имаат класична појава на чешање, црвенила, лупење на кожата и изгледаат исто како секоја друга дерматолошка алергија.
Маслото од ему, благодарение на линолеинската киселина ги обновува клетките на епидермисот и ја подобрува состојбата на кожата, уништувајќи ги габите.