Машки теми … Болка во тестисите, причини & лекување

Болката во тестисите е болка која се јавува околу едниот или двата тестиси. Понекогаш болката во тестисите почнува на друго место во препоните или абдоменот и зрачи кон тестисите.

Причини

Болката во тестисите има мноштво можни причини. Тестисите се многу сензитивни, и дури и минорна повреда може да предизвика јака болка и дикомфорт. Болката може да почне во самиот тестис или во епидидимисот.

Понекогаш тоа што се чини дека е болка во тестисот, е предизвикано од проблем кој се наоѓа во абдоменот или некаде на друго место – на пример камчиња во бубрегот или некој кила. Причината за болката во тестисот не може секогаш да биде откриена.

Причини за појава на болка во тестисите може да биде:

– Дијабетична нефропатија (оштетување на нервот предизвикано од дијабет)

– Епидидимис (воспаление)

– Гангрена

– Воспаление на крвните садови

– Хидроцела (отекување на скротумот)

– Идиопатска болка во тестисот (непозната причина)

– Ингвинална хернија

– Камчиња во бубрегот

– Мумпс вирус

– Орхитис

– Ретрактилен тестис (тестисот се повлекува во препонот – оваа состојба се јавува кај млади момчиња)

– Скротални маси, рак на тестисите, инфекција на уринарниот тракт, варикоцела

– Сперматоцела, торзија на тестисот, повреда, неспуштен тестис, васектомија

Кога да посетите доктор?

Ненадејна и јака болка може да биде знак за тестикуларна торзија – состојба каде што тестисот може брзо да го загуби дотокот на крв. Оваа состојба побарува итен медицински третман за да се превенира губиток на тестисот.

Побарајте итна медицинска помош ако:

– Се јави јака болка во тестисот

– Болката во тестисите е пропратена со повраќање, треска, гадење или со примеси на крв во урината

Закажете кај докторот ако:

– Имате блага болка во тестисите која трае подолго од два дена

– Ако почувствувате грутка или оток околу тестисот

Самолекување

Овие мерки можат да ви помогнат да се ослободите од благата болка

– Купете лекови против болка како аспирин, ибупрофен или ацетаминофен, освен ако докторот не ви дал други инструкции. Не му давајте на вашето дете аспирин ако прво не се консултирате со Вашиот доктор

– Направете еден вид механичка поддршка за тестисите, тоа можете да го направите со атлетските медицински помагала. Можете да употребите крпа кога сте легнати.