Макa (Lepidium meyenii) е ароматична супер-храна со потекло од Перу, каде што се одгледува најмалку 2.000 години. Таа расте на 4000 метри надморска височина и е позната како „жен-шен од Андите“, а традиционално се користи во Јужна Америка за зголемување на имунитетот, виталноста, либидото и плодноста. Уште од времето на Инките има репутација на моќен афродизијак. Ја консумирале војниците на Инките, со цел да ја зголемат нивната сила и издржливост.
Коренот на мака го обезбедува телото со многу корисни хранливи материи како што се калиум и калциум (има повеќе калциум од млекото). Исто така, содржи протеини, јаглени хидрати и есенцијални масни киселини. Две неодамна откриени соединенија, макамид и макаенес се најзаслужни за нејзините ефекти на афродизијак.
Maкa се препорачува за лекување на неколку нарушувања поврзани со хормони, вклучувајќи низок сексуален нагон кај мажите и жените, неплодност, мал број на сперматозоиди и импотенција, како и кај симптомите на менопауза и пред менструација. Истражувањата покажаа дека ја подобрува функцијата на над бубрежната жлезда, која е многу важна во време на стрес, кога се создаваат големи количини на адреналин.
Зголемување на плодноста и либидото
Maca е позната по своето позитивно влијание врз зголемувањето на плодноста и либидото. Поради исклучително богатата содржина на аминокиселини и други хранливи состојки неопходни за синтеза на невро трансмитерите, се користи за зголемување на плодноста на мажите и жените (квалитетот на јајните станици, бројот и подвижноста на сперматозоидите ).
Воспоставува хормонална рамнотежа
Коренот на мака дејствува како тоник и ги поддржува ендокрините функции, па затоа е екстремно корисна во ублажување на тешкотии на менопауза, ПМС или било каков вид на хормонална нерамнотежа, бидејќи ја има способноста за воспоставување на хормонална рамнотежа.
Против замор и стрес
Maка содржи хранливи материи како што се калциум, магнезиум, калиум, фосфор, железо, цинк, витамин Б1, Б2, Б12, Ц и Е, рибофлавин, тиамин, аскорбинска киселина и есенцијални масни киселини, чија комбинација има позитивен ефект врз отпорноста на организмот, снабдувањето со енергија, зајакнувањето на имунолошкиот систем и спречување на стресот.
Енергетски поттик и алтернатива за стероиди
Спортистите и сите лица кои се изложени на поголем физички или ментален товар, воодушевени се со енергетскиот поттик кој им го овозможува маката во прав, како и со позитивниот ефект врз зголемување на мускулната маса, па често се користи како алтернатива на вештачките стероиди.
Мака се смета за супер-храна, и може да се помеша со овошни сокови и помешани пијалаци во блендер, колачи и торти за дополнително зајакнување со хранливи материи. Препорачаната доза за прав е една чајна лажичка до една супена лажица дневно.