На многу жени им е тешко да пронајдат решение за сите проблеми кои се јавуваат со менопаузата, па затоа ќе ви ја претставиме природната помош за време на слабеењето на хормоналната активност, а тоа е перуанската билка мака !
Редовното внесување на прав од коренот мака на жените во менопауза може да им донесе многу бенефиции и олеснувања на проблемите. Експертите истакнуваат дека маката помага да се создаде и одржува хормонална рамнотежа.
Maкa е синоним за отпорност, трајност, здравје и виталност! Веќе повеќе од 2600 години се одгледува на 4400 метри надморска височина во перуанските Анди! Нејзините ефекти врз човечкото тело се толку разновидни, што е доста тешко сите да се наведат!
Преполна со витамини и минерали, билката мака влијае на контролата на лачењето на хормоните, што доведува до хормонална рамнотежа и зголемување на психо-физичката енергија; ја зголемува отпорноста на стрес во сите негови форми: физички, емоционални, хемиски и биолошки; зајакнување на имунолошкиот систем, а исто така е добро позната како природен афродизијак, со оглед на тоа дека ги зголемува либидото и плодноста кај двата пола.
Maкa – природна помош за хормонална рамнотежа
Научниците бараат нова, безбедна алтернатива за контрола и олеснување на брзите хормонални промени за време на менопаузата кај жените кај кои антибиотската терапија не одговара ниту е од било каква помош. Позитивни резултати даде билката мака, клинички докажан адаптоген, (име за лековитите својства на билките кои ја зголемуваат отпорноста на стрес во сите негови форми).
Со користење на природно одгледуваната мака, до 75 отсто од жените имале позитивен чекор напред во решавањето на симптомите на менопаузата, вклучувајќи ги промените во расположението, топли бранови, без волја, потење и проблеми со спиењето.