Денес, начинот на живот, работењето до доцна нѐ изложува на стрес повеќе од кога било. Како и да го манифестираме тоа сепак стресот нѐ погодува од повеќе агли (бучна средина, загадување, одење на работа, преоптеретеност…), ние сме изложени на различни видови на стрес, но за нашето тело тоа не делува добро.
Витамин Б6
Витаминот Б6 или пиридоксин е уште еден во низата кој му помага во работата на нервениот систем, без кој не се може. Една од поважните функции на витаминот Б6 е тоа што му помага на имунолошкиот систем да произведува антитела, коишто му се потребни на организмот во борбата со болестите. Витаминот Б6 ја поддржува нормалната функција на нервниот систем, активно учествува во формирањето на црвени крвни зрнца, ублажува мачнина, го штити организмот од кожни заболувања и од грчеви. Исто така е неопходен за потполна апсорпција на витаминот Б12. Овој важен витамин е потребен за балансирање на хормоните кај жените и балансирањето на натриум и калиум. Познато е и дека витаминот Б6 заштитува од многу видови на рак.
Магнезиум
Магнезиумот има големо значење за организмот и е одговорен за правилната работа и функционирање на нервниот систем и мускулното ткиво. Тој е потребен при стресни ситуации. Магнезиумот пред се опушта, спречува главоболка и мигрена. Со неговата заштитна улога на клетките и крвните садови, го заштитува и нервниот систем. Се користи и за зголемување на енергијата и при срцеви заболувања. Совршено делува со витамините Б1,Б2, а особено Б6, бидејќи го потенцира неговото дејство.