Се повеќе и повеќе нашето тело е во сериозен дефицит од неопходниот магнезиум. Зошто е тоа така?!

Сега веќе знаеме како магнезиумот влијае на нашето здравје, и дека е одговорен за секој витален процес во нашето тело. Но, останува прашањето зошто овој дефицит стана толку честа појава. Внесот на магнезиум падна драстично во текот на изминатите 100 години.

Споредбено, на почетокот на 20 век, просечниот човек конзумирал 500 мг дневно, а сега просечната дневна доза која ја конзумира е околу максимални 200 мг.

Резултатот од овие факти е дека повеќе од 75% од луѓето имаат ниски нивоа на магнезиум.

Зошто е тоа така?! Прочитајте внимателно!

Главната причина поради која недостатокот на магнезиумот стана толку распространет е дека конзумираме повеќе рафинирана храна, која содржи многу малку магнезиум. Проблемот е што дури и најздравите видови на храна кои се понудени на пазарот може да имаат ниски нивоа на магнезиум, бидејќи повеќето од нив се одгледуваат во почва која е осиромашена од магнезиум.

Многумина од нас живеат во предели каде флуорот е додаден во водата.

Флуорот се врзува за магнезиумот и го прави помалку биорасположив.

Исто така, хроничниот стрес ги црпи резервите на магнезиумот. Тој предизвикува магнезиумот да се излачува преку мокрачата.

Алкохоличарите, дијабетичарите и постарите лица се изложени на поголем ризик за ниско ниво на магнезиум.

Гастроинтестиналните проблеми како што се целијачната болест, Кроновата болест, синдромот на нервозни црева создаваат нерамнотежа во цревната флора и со тоа се спречува апсорпцијата на магнезиум.

Повеќе од 200 видови на лекови за најразлични здравствени проблеми ја блокираат апсорпцијата на магнезиум.

Повеќе од јасно е дека речиси секој може да има корист од малку повеќе магнезиум, а пак доколку ги внесете редовните дневни потреби на магнезиум и му дадете на вашето тело онолку колку што реално му е потребно, половина од здравствените проблеми со кои се соочувате ќе бидат минато.

Почнувајќи од несоницата, грчевите во мускулите раздразливоста , па се до остеопорозата, такихардијата, високиот крвен притисок се само дел од листата проблеми кои се јавуваат при дефицит на магнезиум во организмот.


Dr. Viton – Magnezan C можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-c/

Dr. Viton – Magnezan C може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)