Доколку сакате лакот за нокти да ви потрае подолго не е неопходно да посегнете по скапи препарати и долготраен маникир, доволно е да се придржувате до овие пет едноставни правила кои навистина делуваат!
Кожата и ноктите имаат своја природна маснотија која ги заштитува, но всушност, таа маснотија го намалува траењето на лакот на ноктите. Доколку сакате да направите добра подготовка која не ги суши ноктите на едно парче хартија ставете малку оцет и со него добро истријте ги ноктите од врвот па се до кожичките.
2. Нанесете сјајна основа
Базата за лак за нокти не е скапа и е добар избор, но таа нека биде сјајна, наместо мат. Сјајната површина ќе дејствува како лепак, па подобро ќе се сврзе со омилениот лак за нокти и со тоа ќе го направи поотпорен.
3. Металик боите траат подолго
Лаковите за нокти кои содржат зрнца како што се сјајот, бисер или светки се многу повеќе трајни и поедноставни за одржување. Иако се отстранува многу тешко, таквиот лак сигурно ќе трае повеќе од обичниот. Доколку не сте љубители на лакот со светки одберете потемна нијанса кај која нема многу да се истакне сјајот или во лакот со светки додадете малку обичен лак со боја која најмногу ја сакате, добро истресете го и ќе добиете оригинална и подолготрајна нијанса.
4. Оладете ги ноктите
Топлината лакот го прави поредок, а ладното го згуснува, како во шишенцето така и на ноктите. Доколку планирате да ги лакирате ноктите не правете го тоа во близина на радијаторите. Кога се лакирате на ладно место, лакот подобро се фиксира за ноктот или базата, а со тоа ќе потрае подолго. Исто така, еден час пред да го употребувате лакот за нокти ставете го во фрижидер, така полесно и попрецизно ќе го нанесете.
5. Прескокнете го туширањето
Доколку сакате вашиот лак подолго да остане неоштетен и сјаен, нанесете го веднаш после туширањето. Топлата вода воопшто не им одговара на свежо лакираните нокти, бидејќи нагли промени на температурата и пареата ја менуваат структурата на лакот и тој може да испука.
Придржувајте се до правилото: После лакирање нема бањање!