Дали лукот навистина може да помогне во намалувањето на холестеролот?
Новата студија го даде одговорот. Кога лабораториските студии објавија дека лукот има моќ да го блокира холестеролот, стручњаците поверуваа дека лукот би можел да биде природен лек.
Препаратите со својства на лукот набрзо станаа голем хит, но остана дилемата за неговото вистинско дејство. Лекарите неодамна направија тестови на пациенти со умерено високо ниво на холестерол на кои давале препарати со различни видови на лук. Некои јаделе и свеж лук во сендвичи, некои користеле пилули, додека еден дел од пациентите јаделе лук измешан во храната. Сите заедно земале по едно чешле лук на ден цели шест месеци.
На големо изненадување се утврдило дека лукот не го намалил нивото на холестерол.
Истражувачите ги провериле сите промени во сите типови на холестерол, вклучувајки ги и добрите и лошите форми, но лукот не’ влијаел на резултатите на никаков начин.