Лук, лек на иднината

Лукот е познат како храна, но  и како лек веќе илјадници години. Од најраните записи, споменици и традиции може да се види дека  бил  користен од страна на Феникијците, Евреите, Вавилонците, Персијците, Грците, Римјаните, Египќани, Кинезите и Индијците.

За лековитите и хранливи вредности на лукот уште во минатото доста се знаело.

Луѓето дури му придавале и некои магиски особини во борбата против уроци, магии, вештерки и вампири.

Лукот е едногодишно зелесто растение со луковица (корен) во земјата и стебло (со листови ) до 1м. Во нашиот регион е достапен за потрошувачите во текот на целата година.

 Корисни состојки

Со истражувањата е констатирано дека лукот  содржи околу 200 активни состојки, во концентрирана форма, и дека најмногу ги има во луковицата, но  во исхраната се користат и цветот, стеблото и листовите.

Лукот е богат со витамини и минерали:

– аденозин

– алицин

– амино киселини

– растителни влакна

– растителни масти

– витамин А

– Витамин Б1 и Б2

– витамин Ц

– железо

– ензими

– етерично масло

– јод

– калиум

– калциум

– селен

– сулфур

– фосфор

Примена во исхраната

Лук се употребува свеж, варен, како додаток во јадењата, но, исто така и како средство за заштита на храната од расипување.

Употреба

Кинезите  уште пред многу векови правеле многу лекови базирани на лук.

Во нашата традиционална медицина лукот  се смета за лек за многу болести.

Лукот е лек кој се користи свеж или варен, но и како додаток во јадењата. Исто така, сокот лук се користи за добивање на тинктури, или за подготовка на облоги или премази. Постојат таблети и капсули од лук па  може да ги употребуваат и оние на кои не им се допаѓа вкусот и мирисот на лукот .

Лукот има антисептички, антибактериски и антигабичен ефект, така што неговото дејство  се споредува со најдобрите антибиотици.

Мора да имајте на ум дека лукот  заедно со високи дози на витамин Е, гинко, хепарин, аспирин и Трентал (trentala-лек против затнати артерии) може да предизвика несакани ефекти, па треба да се консултирате со вашиот лекар.

Лековити својства

Лукот помага во третманот на следниве болести и симптоми:

– акни

– алергиски ринитис

– апоплексија

– атеросклероза

– астма

– заболувања на срцето и крвните садови

– орални болести и респираторни

– бронхитис, настинки и грип

– главоболка

– габични инфекции

– грчеви

– губење на концентрација

– депресија

– детски глисти

– дифтерија

– дијабетес

– затвор

– инфекција на уринарниот тракт

– импотенција

– мозочен удар

– кандида

– кашлица

– колера

– многу видови на рак

– мозочен удар

– потечени лимфни јазли

– неплодност

– нервоза

– несвестица

– метаболично нарушување

– висок крвен притисок

– нарушување на еластичноста на крвните садови

– зголемено ниво на холестерол и триглицериди

– потиштеност

– замор

– проблеми со видот

– проблеми со варењето на храната

– проблеми со црниот дроб и желудникот

– проблеми со жолчката

– проблеми со нервите

– проблеми со меморијата

– проблеми со циркулацијата

– дијареја

– зголемување на првут и опаѓање на косата

– раздразливост

– регулирање на шеќерот во крвта

– симптоми на стареење

– склероза

– губење на апетит

– спречување на згрутчување на крвта

– стенокардија

– стабилизирање на цревната флора

– тифус

– тромбоза

– туберкулоза

– херпес

– хроничен замор

– јачмен на око

Облоги

Облогите од лук поволно влијаат против чиреви, отворени рани (исекотини и гребнатини), брадавици, габични инфекции на кожата и многу кожни болести.

Врз основа на најновите научни студии и на се погоре наведено, може да се рече дека лукот е едно од најлековитите растенија.

Лукот има благотворно влијание на кожата, респираторниот систем, нервите, желудникот, цревата, крвните садови и имунолошкиот систем.

Кликни за повеќе информацииbaner-prodazni-mesta