За да имаме успешна врска, мора да ја „ставиме“ љубовта пред работата, покажува новото истражување. Тоа е така, бидејќи на тој начин ќе го направиме партнерот исклучително среќен, објаснува Нил Роез – професор по маркетинг.
Тој открива дека во животот жалиме најмногу поради неразбирањето и проблеми во личните односи, а многу помалку поради професионалните неуспеси.
Роез и неговиот тим испитувале 500 возрасни волонтери од САД. Откритијата покажуваат дека најсилното чувство на жал се поврзува со личните односи, вклучувајќи ги романтичните врски, како и оние со блиските членови на семејството – главно со децата, браќата и сестрите.
Анализите покажуваат дека жалењето во врска со љубовта – крај на врската или неверство, носи многу повеќе страдање, во споредба со личниот професионален малер, како што се проблемите со факултетот или работата.
Роез советува да вметнете повеќе енергија во личните односи со вашите најблиски, наместо да се фокусирате исклучиво на кариерата – само така ќе бидеме задоволни и среќни.