
Лимфниот систем овозможува помошен пат преку кој течноста од меѓу клеточниот простор се враќа назад во крвотокот. Ова претставува еден од главните патишта за апсорпција и транспорт на масти низ дигестивниот тракт. После оброк, кој е богат со масти, лимфата може да содржи 1-2% масти. Таа е дел од имуниот систем и има важна одбрамбена улога – штити од инфекции. Бактерии, вируси и останати патогени честички кои влегуваат во лимфниот систем многу лесно се уништуваат во лимфните јазли.
Лимфата е безбојна течност која е богата со белковини и лимфоцити, а има ист состав како и меѓу клеточната течност на ткивата во кои настанува, овозможува дренажа, го надополнува крвотокот и влијае на движење на водата. Функцијата на лимфата е да го храни ткивото од една страна и од друга страна да ги прима и уништува сите метаболички отпадоци и другите штетни материи – овозможува детоксификација на ткивото.
Застојот на течностите во меѓу клеточниот простор го отежнува протокот на лимфата преку лимфните садови што од своја страна ја успорува доставата на хранливите материи во келиите и метаболичките процеси во нив.
Лимфедема (Задршка на лимфата)
Лимфедема е оток на дел од телото, најчесто на нозете или рацете, кој е предизвикан од задржана лимфа. Иако тоа е хронично и проглесивна состојба, може успешно да се лечи со помош на лимфна дренажа.
На движењето на лимфата негативно може да влијаат и надворешни фактори како на пример:
- намалено движење
- нерамномерно оптоварување на одреден мускул на телото
- стрес
- физичко преоптоварување
Лимфна дренажа
Лимфната дренажа е една од најефикасните техники за детоксификација на организмот и регенерација на ткивото. Врши деблокирање на лимфните канали и крвните садови што доведува до природен проток на лимфата од периферните делови на телото, па така доаѓа до смалување на отокот и болките кои се предизвикани од претерана количина на лимфа во одреден дел од телото.
Има поволен ефект на нервниот, мускулниот и имуниот систем. Ги регенерира не само надворешните слоеви туку и длабоките ткива со што влијае и на остеопорозата и вкочанетите зглобови.
Уште во 1912 година Алексис Царел добил Нобелова награда за одгледување на живи клетки. Методата за лимфна дренажа се заснова на неговото истражување во кое одгледувал клетки од пилешко срце. Клетките можеле вечно да живеат хранејќи се со сок од лимфните садови. Царел докажал дека здравјето зависи од лимфната циркулација, и дека лимфната стагнација е причина за дегенерација и смрт на клетките, односно дека во лимфната циркулација се крие еликсирот на младоста.
Предности на лимфната дренажа:
- Клинички докажан терапевтски метод
- Моментално видливи резултати
- Лечењето е добро прифатено и од страна на лекарите и пациентите
- Телото не е обременето со непотребни медицински третмани
Начини на примена на лимфната дренажа со апарат
(Слики во линкот без текст)
Најчести индикации за терапија за лимфна дренажа
Медицински:
- Хронична едема
- Пост оперативна опструкција на лимфните канали
- Превенција и третман на варикозните вени
- Синдром на карпал тунел
- Рејнолдсов Синдром
- Невропатија, невралгија
- Остеопороза
- Гихт
- Теналгија – Тениски лакт
Естетски:
- Целулит – редукција, апсорпција на масти
- Нега после липосукција
- Обновување на ткивото – опекотини, рани
- Детоксификација на организмот
- Синдром на тешка нога
- Дебелина
- Подобрување на исхраната на кожата
- Обликување на телото (висната кожа)
- Анти- стареење