Летна & лесна диета со краставици, – 7 кг за 14 дена

Диета со краставици е идеална за сите оние кои не сакаат премногу да размислуваат за тоа што ќе јадат во текот на неа. Самата диета се спроведува десет дена, а постојат неколку намирници кои се конзумираат во текот на периодот на слабеење.

Постои и продолжена варијанта од 14 дена каде се забележани навистина сјајни резултати: загуба од дури 7 килограми – секако во зависност од нивото на физичката активност.

Основата на диетата ја сочинува краставица која може да се конзумира во неограничени количини секој пат кога се почуствува глад.

Останатите намирници кои се јадат  во текот на денот се:

-2 готвени јајца или 150 грама туна исцедена од маслото или 150 грама гриловано бело месо,

-2 поголеми зготвени компири (може да се готват, варат, печат во рерна, но не и да се пржат во масло) или 3 кришки интегрален леб,

-500 грама свежо овошје

Од течности се пие обична вода, чај а дозволено е дури и кафе (без шеќер). Она што е стриктно забрането се газирани пијалоци, алкохол и слатки.

Со секој оброк како и помеѓу оброк – може да се јадат неограничени количини краставица салата или да се пие шејк од краставица – значи, кога ве нападне глад – слободно навалете и на салатата или шејкот од краставици.

Пример мени:

Доручек: 2 тврдо готвени јајца и чинија салата од краставица

Ужина: 5 сливи или една поголема јаболка или праска … или некое друго сезонско овошје во вкупна тежина до 200 грама

Ручек: Тостиран интегрален леб и чинија салата од крставици

Ужина: Шејк од краставица

Вечера: Овошје по избор (до 300 грама)

Како да ја правите салатата од краставица

Салатата исклучително брзо се прави е многу едноставна.

Потребни намирници се:

-околу 400 грама краставица

-2 децилитри кисело млеко или јогурт, сол и млад бел кромид.

Начин на подготовка:

Излупете и исечете ги краставиците на мали парчиња. Посолете, лесно измешајте ја солта за правилно да се распореди и прелејте со кисело млеко или јогурт па пак се полека измешајте. По желба и вкус додајте ситно исецкан млад кромид и  … веднаш сервирајте.

Како се прави шејк од краставици

Во блендер ставете: една млада краставица (со се кора), една рака добро измиен спанаќ, една кисела јаболка. По желба додајте малку нарендан свеж ѓумбир или на врвот на ножот ѓумбир во прав. Добро измиксајте, ставете во чаша и по врвот ставете парченца ореви или бадеми. Полека пијте додека е свежо бидејќи што повеќе стои – ги губи хранливите материи.

Ваков пијалок ќе го снабди вашето тело со обилни витамини и минерали , а посебно витамин А и К. Пијалокот е исто така богат со влакна, магнезиум, железо, витамин Ц, Е и Б , како и калциум и калиум. Целиот спектар на се она што ни е потребно и тоа се во една чаша.

Додатни напомени 

Иако ова е многу едноставна диета, потребно е да се обрати внимание на квалитетот на намирниците – трудете се да употребувате само свеж зеленчук и овоошје од проверен снабдувач.

Умерена физичка активност е значајна работа кај секоја диета  па и кај оваа, па получасовна брза прошетка (тоа е онаа кога чуствувате дека почнувате да се потите) – значајно ќе ви помогне во симнување на вишокот килограми.