Овој пијалок на Боговите се користи илјадници години поради неговите лековити својства. Истражувањата во минатото потврдуваат дека црвеното вино и црвените бобинките може да влијаат на намалување на воспаленија, да спречат срцева болест, па дури и поволно да делуваат на некои видови рак. Што е причината за ваквите придобивки? Некои од вас можеби слушнале, некои не, состојката која е одговорна за неутрализирање на неповолностите од исхраната се нарекува Ресвератрол. Се наоѓа во лушпата на семката на грозјето..
Француски парадокс
Сигурно се прашувате како е можно французите да јадат толку сирење и месо, да пијат вино, а да изгледаат толку млади. Интересен е парадоксалниот однос на масна\млечна висококалорична храна и ниската појава на кардиоваскуларни болести меѓу нив. Во наредните години се вршеле многу истражувања и било откриено дека тајната состојка која постои во црвеното вино е Ресвератролот, кој има антиоксидантно кардиопротективно дејство.
Па кој вели дека не е здраво да се заврши денот со чаша сортно вино, сигурно греши.