Лекот е во лукот

Овој лек е пронајден од експедицијата на УНЕСКО во 1971 во еден тибетски манастир, напишан на една глинена табличка. Текстот е приведен на сите светски јазици.

За да се приготви овој лек, потребни се 300 грама лук и 300 грама 96 % алкохол.

Лукот се ситни и се толчи во дрвен аван. Се става во шише или во тегла, се прелева со алкохол и се затвора. Се чува 10 дена на ладно место. Потоа се процедува низ двојна газа. Ваквата течност се држи затворена уште три дена и потоа може да се почне да се користи.

Лекот се зема во вид на капки во 50 грама млако млеко, секогаш по јадење.

Тајната е и во дозирањето на капките:

  • Првиот ден се зема за појадок една капка, за ручек 2 капки, за вечера 3 капки.
  • Вториот ден се продолжува вака: 4 капки за појадок, 5 капки за ручек, 6 капки за вечера.
  • Третиот ден: 7 капки за појадок, 8 капки за ручек, 9 за вечера.
  • Четврти ден: 10 капки појадок, 11 капки ручек, 12 капки вечера.
  • Петти ден: 13/ 14/ 15.
  • Шести ден: 15/14/13. Седми ден: 12/11/10.
  • Осми ден: 9/8/7.
  • Деветти ден: 6/5/4.
  • Десетти ден: 3/2/1.
  • Единаесеттиот ден се земаат 25 капки за појадок, 25 за ручек и 25 за вечера.

По единаесеттиот ден се продолжува со иста доза, односно 25 капки и за појадок и за ручек и за вечера, сè додека не се потроши целото количество од лекот.
Курата на лекување може да се повтори дури по 5 години. Лекот се користел на Тибет за спречување од инфаркт, склероза, стенокардија, апоплексија и тумор. Покрај тоа, го ослободува организмот од масните наслаги, ја подобрува размената на материите и еластичноста на крвните садови, го подобрува видот, го спречува шумот во главата, а влијае и за подмладување на организмот.

Ако не верувате во неговата чудесна моќ, пробајте!

Доколку не го поднесувате мирисот или воопшто не го сакате вкусот на лукот користете суплемети – таблети на природна база кои ги задржуваат сите вредности на плодот а сепак нема да остави непријатен мирис во Вашата уста и нема да имате проблем во конзумирањето

Кликни за повеќе информацииbaner-prodazni-mesta