Лек за акни, Мајчина душица

Ова се добри вести за сите оние кои имаат долгогодишни проблеми со акните и нечистото лице. Нема потреба да трошите пари на скапи козметички средства кога се работи за овој проблем, туку доволно е да посветите внимание на тинктурите изработени од мајчина душица или мајчина душица во комбинација со некое друго растение како што е невенот.

Група британски истражувачи неодамна го докажаа ефикасното дејство на мајчината душица во борбата против акните.

Низата тестови кои ги направија докажуваат дека екстрактите од мајчина душица ефикасно ги уништуваат бактериите кои се главни виновници за појавување на акните.

Интересно е тоа што екстрактите кои научниците ги издвоиле од мајчината душица се покажале многу по ефикасни од бензол пероксидот, кој е главен составен елемент во многу козметички производи против акни.

Состојките од мајчината душица ја чуваат и кожата и неможат да дадат никакви нус појави како што понекогаш е случај со препаратите базирани на бензол пероксид. Освен што ги уништува бактериите кои ги предизвикуваат акните, екстрактите од мајчината душица делуваат благотворно на сите воспалителни процеси на кожата на лицето.

Тинктурите на база на мајчина душица можат да се комбинираат и со други тинктури од природно потекло како што е невенот или кантарионот. Со ова истражување само уште еднаш се докажува широкиот спектар на делување на ова благотворно растение кое слободно можеме да кажеме дека е дар од божјата аптека.