Лазањи со тиквици и сирење во бешамел сос

Почестете ги пријателите со италијански специјалитет на кој и мачорот Гарфилд не може да му одолее! Гурманска верзија со тиквички и три вида на сирење и лазањите ќе ги претворите во ново прекрасно откритие. Понудете им ги и на вегетаријанците!

Состојки:

  • 600гр тиквици,
  • 50гр путер,
  • бел бибер,
  • 12 листови лазањи,
  • сол,
  • 100гр горгонзола,
  • 50гр моцарела,
  • 15гр пармезан.

За бешамел сос:

  • 50гр путер
  • 50гр пченично брашно тип 400,
  • 1л млеко,
  • мелен ѓумбир,
  • мускантно оревче,
  • бибер,
  • сол.

Подготвка:

Измијте ги тиквиците, па исечете ги по должина на тенки листови. Пропржете ги на путер, посолете со сол и бибер и тргнете ги од оган. Лазањите оставете ги да повријат во посолена вода (2-3минути), во која сте ставиле неколку капки зејтин, за да не се залепат листовите лазањи или употребувајте лазањи кои не се варат.

За бешамел сос: На путер лесно пропржете го брашното. Постепено додавајте го топлото млеко, постојано мешајќи додека да  ја добиете соодветната густина. Додадете сол, бибер, малку мускантно оревче и ѓумбир.

На дното на огноотпорниот сад ставете малку бешамел, наредете еден ред лазањи, потоа нив прелијте ги со бешамел ,тиквици, изрендана моцарела и парчиња од горгонзола. Врз нив ставете ги листовите лазањи и повторете ја постапката, така на последниот ред лазањи ставете бешамел сос , изрендано сирење и пармезан.

Печете околу 25 минути во загреана рерна на 220 степени.

Послужување

Лазањите служете ги топли исечени на коцки.

Добар апетит!