Л- аргинин…ЧУДЕСНИОТ МОЛЕКУЛ

Аргининот се смета за најсовршената нутритивна материја која е пронајдена досега, поради неговите моќни лековити својства. Научниците го нарекуваат „чудесен молекул“. Неверојатните негови својства беа крунисани со Нобеловата награда за медицина во 1998 година и оттогаш е неверојатно баран за фармацевтските и нутритивните потреби на индустријата.

Иако нашиот организам го синтетизира аргининот, постојат состојби при кои неговотo производство се редуцира. Таква состојба е стресот или некоја напорна работа, кои сите ние многу добро ги познаваме и сме ги почувствувале. Употребата на aргининот станува сѐ понеопходна, а тоа се должи на неговите добро познати корисни ефекти. Тој делува прошируваето на крвните садови, како и на детоксикациските процеси, а спортистите го употребуваат со голема љубов.

ЗА КОГО СЕ ПРЕПОРАЧУВА?
За сите. Корисен е за мажите, жените, спортистите и боди билдерите. Аргининот е природна материја која припаѓа на групата аминокиселини кои нашиот организам може да ги произведува. Исто така, тој е и составен дел на секој протеин кој ние го јадеме. Нашата секојдневна исхрана, од додатоци на исхраната преку месото и семињата, содржи големо количество на аргинин. Од една страна, аргининот е важна аминокиселина која го храни нашиот организам, а од друга страна тој има многу корисни ефекти.

Азотниот моноксид во нашиот организам се добива од аминокиселината аргинин. Азотниот моноксид делува на проширување на крвните садови, поточно овозможува нормална циркулација. Азотниот моноксид го потпомага протокот на крвта до клетките, го подобрува снабдувањето на клетките со хранливи материи и кислород и позитивно делува на потенцијата.

Аргининот ја помага синтезата на протеините, го стимулира лачењето на хормонот за раст и инсулинот. Поради тоа спортистите го користат се со цел да добијат поголема чиста мускулна маса. Ефективно ги помага детоксикациските процеси, бидејќи ги намалува нуспродуктите кои се резултат на метаболизмот. Тој е предматерија на креатинот кој претставува основен енергетски снабдувач на молекулите.