Можеби сте љубител и често практикувате топла и миризлива купка, но дали досега сте пробале да направите купка со билки?
Секогаш кога правите топла и миризлива купка користите капки односно екстракти врз база на билка или миризба која ја сакате. Сепак овие екстракти во себе можат да содржат различни конзерванси и матерерии кои можеби и нема да делуваат многу добро на вашата кожа, а можат да предизвикаат и алергиски реакции.
Освен ова можат да бидат и скапи, бидејќи квалитетните капки за купки секогаш се релативно скапи. Затоа пробајте да направите сами купка од билки кои самите сте ги ставиле, метод кој ништо нема да ве чини а ќе добиете извонреден квалитет.
Пробајте дома да си направите сами купка врз база на билки кои ги поседувате. Докажано е дека купката направена со свежи билки е одлична за вашата кожа, придонесува за подобрување на расположението, опуштање и уживање.
Купката можете да ја направите врз база на една билка или комбинирајќи повеќе билки во зависност од вашиот вкус. Можете да користите: лаванда, липа, хмељ, рузмарин, камилица и други. Едноставно нема ограничувања, пробајте и ќе се уверите во благотворното дејство на купката приготвена од свежи билки.