Крем супа од компир…топло & вкусно есенско уживање

Свежите есенски денови веќе пристигнаа, па нема подобар начин да се стоплиме отколку со топла и вкусна супа.

Потребно: 

● 900 г. компир
● 1 дл. масло за јадење
● 100 г. кромид
● 50 г. морков
● 30 г. листови целер
● 40 г. магдонос
● 2 л. телешка супа
● 1дл. кисела павлака

Подготовка: 

● Во тава на оган ставете маслото да се загрее, а потоа запржете го исецканиот кромид. Брзо потоа додајте ги морковите и компирите исецкани на коцки. Залијте ги овие намирници со телешката супа (може да биде и од зеленчук) и оставете да се готви на умерен оган.

● Некаде при крајот од готвењето додајте ги и листовите целер и магдонос. Кога зеленчукот ќе биде сварен, супата испасирајте ја со миксер, па вратете ја уште малку на оган. Доколку ви е многу густа, разредете ја со уште малку супа, или пак само со вода.

● На крајот од готвењето додајте ја павлаката и сервирајте.

Добар апетит !