Отровите во организмот се главен причинител на многу болести. Тие го трујат организмот, предизвикуваат дегенерација на клетките и может да предизвикаат појава на рак. Ѓумбирот се смета за лек за многу болести.
Тој поседува способности за чистење на организмот од скоро сите отрови на кои сме изложени преку храната, алкохолот, хемикалиите и зрачењето. Ѓумбирот го согорува целиот наталожен отпад, го чисти организмот со што го подобрува здравјето на природен начин, без лекови и медицински третмани.
Како ѓумбирот ни помага да ослабнеме?
Ѓумбирот е вазодилататор, што значи дека помага да се зголеми дијаметарот на малите артерии и ја подобрува циркулацијата на крвта. Зголемување на протокот на крвта и циркулацијата обично доведува до мал пораст на температурата на телото, наречен термогеничен ефект, кој пак го забрзува метаболизмот и согорува повеќе калории. Ваквите студии се докажани.
Ѓумбирот ги отстранува масните наслаги. Со редовна употреба, освен здравјето ќе си го подобрите и расположението и изгледот на кожата.
Докажано е и дека ѓумбирот помага за намалување на холестеролот, дека е природен уништувач на мастите и дека го подобрува варењето на храната.