Колку и како да се храните за време на бременоста ?

Идејата дека жените треба да јадат за двајца е чест мит кој сеуште се апелира во светски и локални рамки.

Jacqui Clinton, менаџер по јавно здравство при Charity Tommy’s, вели дека бремените жени не треба да конзумираат екстра храна до третиот триместар.

Дури и тогаш, тие треба да конзумираат најмногу до 200 дополнителни калории на ден.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Исто така, важно е да се запомни дека сите калории кои се венсуваат во текот на денот не се еднакво важни. Користењето на здрави алтернативи како нискокалоричен овошен јогурт (направен во домашни услови – нискомаслен јогурт со банана)  ја снабдува бремената жена со есенцијални хранливи материи, како на пример калциум, калиум, влакна, доволно јаглени хидрати и имуноглобулини, што е важно за растот и развојот на плодот во утробата на мајката.

Како и да е, тоа не значи дека бремената жена, не може да си дозволи барем еднаш во неделата 200 дополнителни калории кои потекнуваат на пример од чипс, крекери, кроасани итн…

Но сепак, сиромашната диета за време на раната бременост, без разлика на тоа дали е доволен волуменот на храната кој се внесува во текот на денот, може да биде штетно за идното дете, пред се за развојот на неговиот централен нервен систем.

Истражувањето, кое е објавно во Proceedings of the National Academy of Sciences, ја истакнува важноста на здравата матернална диета како есенцијална за растот и развојот на плодот и раниот развој на новороденото бебе.