Колку е штетно сушењето на косата со фен ?

Се смета дека скапите фенови нудат подобар квалитет. Тие треба да ја сушат побрзо косата, истовремено со тоа минимално да ја оштетат и да ја спречат наелектризираноста.

Вреди ли сепак да го смениме стариот фен со нов? Ако треба да заштедите време, инвестицијата вреди. Модерниот фен може да генерира јачина и до 2 500 вати, во споредба со 1 200 – 1875 колку достигнуваат постарите модели.

Со поголема моќност, косата се суши побрзо, а колку помалку време се суши, толку тоа е подобро за неа. Високата температура гарантира побрзо сушење, но е препорачлива само за кратко време. Кога сушењето на косата трае долго, доаѓа до “цветање” на влакната.

Како резултат на тоа, косата се уништува и е поверојатно да падне при чешлање, објаснува Др. Зои Дрелос, професор по дерматологија на Факултетот за медицина во Дјук, Северна Каролина, САД.

Во тој поглед, од корист се јонските фенови. Тие помагаат за помало “трошење” на косата. Важно е да знаеме дека сепак треба да го држиме фенот на поголемо растојание од косата.

Освен тоа, модерните фенови имаат функција за ладење на воздушната струја, што е предуслов за помали штети на влакното.

Експертите препорачуваат пред сушење, да се почека неколку минути, а косата претходно да се исуши со крпа.