Колку часа сон му е потребно на вашето тело ? (табела според староста)

Количината на сон која ви е потребна зависи од многу фактори, особено од возраста. Следниве насоки сметајте ги како генерално упатство за количината на потребен сон по старосни групи.

Новороденче 14-15 часа

Мали деца од 2-6 години 12-14 часа

Деца од школска возраст 10-11 часа

Возрасни 7-9 часа

Како дополнување на возраста, други фактори можат да имаат влијание на потребното време за сон.

На пример:

Бременост

Промените кои се случуваат во телото на жената, можат да ја зголемат потребата од сон.

Стареење

Постарите луѓе имаат иста потреба од сон како и помладите возрасни луѓе. Меѓутоа како што старееме, рутината на спиење се менува. Постарите луѓе имаат полесен сон и често се будат во текот на ноќта. Ова може да создаде навика за преспивање преку ден.

Предходна депривација на сон

Ако предходно спиењето било оневозможено, количината на сон која ви е потребна се зголемува.

Квалитет на спиењето

Ако вашето спиење е постојано прекинувано, или скратено, вие не добивате квалитетно спиење – а квалитетот е исто толку важен како и квантитетот.

Иако некои луѓе велат дека се чувствуваат добро и со малку часови поминати во спиење после неколку ноќи по ред, тие не се способни добро да извршуваат комплексни ментални задачи како оние кои спијат по седум часа. Исто така според некои истражувања, луѓето кои спијат помалку или повеќе од седум часа на ден се со зголемена рата на морталитет.

Ако имате потреба да спиете и преку ден иако сте го зголемиле времето поминато во сон преку ноќ, консултирајте се со вашиот доктор. Тој ќе ви помогне да ја откриете причината и да си обезбедите поквалитетен сон.