Највкусното и најбараното овошје во овој период. За сите љубители на ова вкусно и освежително овошје ова е совршен избор за лесен и сладок десерт.
Состојки:
- 350гр бисквити
- 3дл млеко
За фил 1:
- 1л вода
- 150гр шеќер
- 500гр праски
- 2 пудинга од ванила
За фил 2:
- 3дл слатка павлака
- 2дл кисела павлака
- 4 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 10гр желатин
Подготовка:
Фил 1:
1.Излупете ги праските, одвојте им ги семките и исечете ги на коцки.
2.Во тенџере сипете 9дл вода, додадете го шеќерот и оставете да зоврие. Потоа додадете ги праските ,па оставете се заедно малку да поврие.
3.Посебно изматете ја преостанатата вода со пудингот од ванила, додадете го во водата со праски и варете додека да се згусне.
Фил 2:
1.Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг.
2.Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го да набабри.
3.Киселата павлака изматете ја заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, па соединете со шлагот од слатка павлака, желатинот и полека измешајте.
Завршна постапка:
1.Во соодветно тавче наредете ги бисквитите натопени во млеко.
2.Одозгоре прелијте со топлиот фил од праски и наредете натопени бисквити во млеко.
3.Оставете да се олади ,а потоа премачкајте со фил и ставете го тавчето во фрижидер да се здрви.