Истражувањата покажуваат дека кокосовото масло покрај на дамите со „чоколаден“ тен одлично и одговара и на белата кожа. Тоа ја чува нејзината влажност и ја прави мазна, а тоа значи совршено мазна и свиленкаста кожа.
Ја храни кожата на рацете
Нема да ви помогне ако сте на излегување од домот, но можете да го употребувате секогаш кога ќе ги измиете садовите или после туширање. Само неколку капки од ова масло ќе ги направат вашите раце меки и нежни, а покрај тоа и ќе ги нахраните.
Замена за фиксатор
Ништо не може да го освежи измореното лице како малку светлина. Нема потреба да трошите многу пари за козметички средства, за да го постигнете овој ефект. Една капка од кокосово масло нанесете на претходно нашминканото лице и ефектот ќе биде волшебен!
За бричење на нозете
Доколку немате пена за бричење, а се брзате, премачкајте ја областа со кокосово масло. После бричењето кожата ќе ви биде мазна и миризлива уште долго време.
Како регенератор
Постои причина поради која повеќето регенератори содржат кокосово масло. Косата одлично го впива ова масло, а со самото тоа и одлично ја регенерира. Пред да си легнете намачкајте ги врвовите на косата со кокосово масло и оставете го да дејствува во текот на ноќта. Резултатот ќе биде фантастичен!
За отстранување на шминката
Доколку имате водоотпорна маскара и кокосово масло нема да имате проблеми во отстранувањето. Тоа е одлично и за отстранување на мрсна шминка. Покрај тоа ја влажни кожата, па ќе бидете задоволни со нејзиниот изглед и после чистењето на лицето.