Која кардио вежба согорува најмногу калории ?

Експертите препорачуваат 30-60 минутно вежбање секој ден. Ова може да помогне во контролата и намалувањето на телесната тежина, во превенцијата на срцевите болести и во подобрувањето на силата и издржливоста. 

Со толку многу опции, луѓето се прашуваат која вежба согорува најмногу калории. Следува листа на најдобри вежби и количина на согорени калории за еден час.

Трчање

Трчањето е најдобра вежба што може да ја направите за согорување на вашите калории. Ако трчате со брзина од 12 км/ч ќе потрошите 986 калории за еден час. Ако додадете спринт или угорница, се трошат уште повеќе калории.

Ролерки

Иако возењето ролерки беше популарно во 80’, сеуште се рангира помеѓу вежбите кои трошат најмногу калории. Со еден час возење на ролерки ќе согорите 913 калории.

Скокање со јаже

Многу луѓе скокале со јаже кога биле деца, но со инкорпорирањето на оваа вежба во дневната рутина ќе согорувате по 730 калории за еден час вежбање. Еден час може изгледа многу, но можете да вежбате и само 10 минути и ќе потрошите 122 калории.

Степер

Степерот согорува 657 калории за еден час, и е добра вежба за зајакнување на долниот дел од телото.

Џогирање

Брзото трчање согорува многу калории, но и спорото џогирање со темпо од 8 км/ч може да согори 584 калории за еден час.

Кошарка и фудбал

Една пријателска игра со другарите и ќе потрошите 584 калории за еден час. Вежбањето со пријателите има тенденција да направи времето побрзо да помине а со тоа и подобро да ги потрошите тие екстра калории.

Пливање

Пливањето е одлична важба за целото тело бидејќи се вклучени сите мускули. Скоро сите стилови на пливање ќе ви согорат 511 калории за еден час. Исто така пливањето е и неконтактен спорт, што значи е безбеден и ефективен за вашите зглобови.