Кој треба да користи ТРИБУЛУС?

Tribulus terrestris игра витална улога во ајурведската, кинеската и европската медицина со векови. Во ајурведската и кинеската медицина се применува како лек за уринарни и репродуктивни проблеми и постојан замор. Слично во Европа, Tribulus terrestris се користи за уринарни и репродуктивни проблеми, уште една употреба е за подобрување на расположението и позитивна енергија.

Мажите ширум светот ја користат и ценат оваа билка поради способноста за стимулација на производство на хормони. Поради оваа значајна придобивка и ефектите кои ги нуди, трибулус стана и редовен додаток кај спортистите за градење мускули. Оваа употреба на Tribulus terrestris продолжува и денес, а неодамнешните студии ја потврдуваат оваа традиционална идентификација на активните состојки кои обезбедуваат позитивни придобивки за здравјето на мажите.

Традиционална употреба за машко здравје
Придобивките од трибулус во решавањето на машките проблеми го привлече вниманието на западната медицина уште пред неколку децении. Во традиционалната медицина, Tribulus ја промовира машката плодност, сексуалната желба, функцијата на уринарниот тракт и либидото. Некои го нарекуваат и афродизијак. Меѓутоа, во ајурведската медицина Tribulus се смета за билка која се користи за целокупното здравје, за целото тело.

Како функционира Tribulus terrestris
Истражувачите идентификувале природни стероидни соединенија во Tribulus terrestris. Овие фуростанол сапонини го стимулираат производството на тестостерон со потиснување на природните хормонски рецептори. Ова резултира со производство на поголеми количини на лутеинизирачки хормон (LH), кој пак го охрабрува телото, посебно клетките во тестисите, за да произведуваат повеќе тестостерон. Според студиите, мажите кои страдаат од ниско ниво на тестостерон, значително ја подобриле состојбата со овој природен додаток. Друга студија покажала супериорни резултати во зголемување на бројот на сперматозоиди. Истражувачите откриле Tribulus terrestris има адаптогенски квалитети. Иако ги зголемува нивоата на тестостерон, тоа не го стимулира производството на тестостерон надвор од нормалните физиолошки нивоа.

Придобивките од Tribulus terrestris за здравјето на мажите
Нормалните нивоа на тестостерон придонесуваат за поздрава простата, поголемо либидо, плодност и подобра сексуална функција – и задоволство. Нормалните нивоа на тестостерон исто така го поттикнуваат развојот на мускулите и придонесуваат за топење вишок килограми. Трибулус помага и за зголемување на енергијата, придонесува за подобар и поквалитетен сон, го подобрува расположението и промовира поголема способност за справување со стресот. Сите овие состојби се поврзани со нормални нивоа на тестостерон, а трибулус го овозможува тоа.

Кој треба да користи Tribulus terrestris
Оваа билка се користи како совршена заштита против многу несакани ефекти кои се јавуваат како резултат на возраста и други фактори за намалување на тестостеронот. Трибулусот на природен начин го одржува производството на тестостерон, кој со текот на возраста се намалуваи телото се бори за нормални нивоа на тестостерон. Исто така го поддржува здравјето на човекот во борбата против естрогенските токсини. Многу компоненти на загадување на животната средина ги изложуваат мажите на високи количини на естрогенски соединенија, фактор за кој се знае дека го намалуваат нивото на тестостерон кај мажите. Трибулус помага за нормални нивоа на тестостерон, здрава простата, физичко, психичко и сексуално здравје.